Мексико ги совлада САД во финале на Златниот Куп, 16-годишник стана најмлад рекордер

Мексико го совлада својот голем ривал САД со 1-2 после пресврт и го освои својот јубилеен 10-ти пехар на Голден Куп кој е своевидено Европско првенство за Централна и Северна Америка. Репрезентацијата на САД прва поведе со голот на Крис Ричардс во 4' минута, но на стадионот „НРГ“ во Хјустон Мексиканците направија голем пресврт и победија со головите на Раул Хименез во 27-ма минута (играше со број 20 и презиме Жота на дресот и го посвети голот на неговиот другар) и Едсон Алварез во 77-ма минута.

Epa images
Epa images
Photo: EPA Images

Церемонијата за доделување на пехарот за Мексико:

Танцот „Пајасо де Родео“ во соблекувална со селекторот Хавиер Агире:

Интересно на овој турнир нов рекорд постави младиот 16-годишен Мексиканец Жилберто Мора кој дебитираше за својата земја на само 16 години и 257 дена, на пријателски меч против Саудиска Арабија пред почетокот на Голден Куп.

Тој стана и најмлад асистент за гол во историјата на репрезентацијата на Мексико и воопшто најмлад репрезентативец на светот кој освоил меѓународен трофеј.

Жилберто Мора е роден на 14-ти октомври 2008-ма во градот Тучла Гутиерез во провинцијата Чиапас во Мексико. Тој игра за мексиканскиот клуб Тихуана. Дебито во мексиканска лига го имал уште на 15 години а таа сезона дури и дал прв гол и станал најмлад стрелец на гол во историјата на мексиканското првенство.

Тој ги надминал претходните рекорди на Армандо Манзо (17 години, 1 месец и 6 дена), Луиз Перез и Рафа Маркез кои дебитирале со 17 години.

Жилберто Мора е голем талент а веќе го привлекол вниманието на големите европски клубови како Манчестер Сити, Ајакс, Барселона, ПСЖ и Милан.

Хименез му донесе титула на Мексико и ја посвети на Жота

7 јули 2025 - 07:54