Можно ли е Мексико да остане без организацијата за Мундијалот 2026?

Грозните сцени од мексиканскиот фудбалски натпревар и денеска се дискутираат во Јужна Америка, а и пошироко. Самите Мексиканци бараат суспензија после хоророт кој заврши со жртви и повредени. Еднаш и беа суспендирани, ама како учесници.

ФИФА долго време го имаше Мексико како еден од своите главни комерцијални партнери, бидејќи беше првата земја во светот која организираше две Светски првенства (1970 и 1986).

И двете беа култни, бидејќи се одиграа во време кога за многумина најдобрите фудбалери во историјата, беа на врвот од своите кариера. Пеле и Марадона.

Мексико за четири години ќе стане првата земја домаќин на три Светски првенства. Доби можност во 2026-та да го организира заедно со САД и Канада и со тоа би станала прва во историјата со таква привилегија.

Но дивјачкиот однос на стадионот Корегидора во градот Керетаро, ја доведе во прашање, честа на оваа земја да организира Мундијал.

Сепак се работи за инцидент кој до толку излегол од контрола, што тренерот на домаќините со помош на играчите, засолнувал гостински навивачи во соблекувална.

Властите официјално известуваат за 22 повредени и 9 хоспитализирани, а локалните медиуми тврдат дека има минимум 17 мртви.

И не е само тоа. Мексико веќе неколку е под лупа на ФИФА поради повеќе фактори, генерално поврзани со навивачите. Мечот од првата лига меѓу Керетаро и Атлас е кулминација.

Поради тоа многу мексикански навивачи бараат да им се одземе домаќинството за СП 2026.

„Како што ФИФА ја суспендираше Русија за војната против Украина, се надевам дека ќе го суспендираат Мексико на репрезентативно и клупско ниво за „масакрот во Керетаро. Она што се случи во Ла Корегидора сериозно ги повреди фудбалот, семејствата и животот“, напиша Алваро Мартинез на Твитер.

И тој е еден од многумината навивачи кои се согласуваат за санкции за мексиканскиот фудбал од страна на ФИФА.

ПРЕТХОДНИ СУСПЕНЗИИ

Мексико веќе два пати беше санкциониран со забрана за влез на нивните навивачи на квалификациските натпревари за СП 2022. Причина за тоа беа хомофобично скандирање против голман.

Мексиканците паметат и суспензија за настап на Мундијал и тоа четири години откако беа домаќини.

Се работи за Италија 1990 и скандалот „Лос Качирулес“, кога мексиканската фудбалска федерација мамела со регистрирање на играчи.

На играчи кои имале над 20 години им дале лажни пасоши за настап во квалификациите за Светско јуниорско првенство 1989-та.

Нечовечната навивачка пресметка во Мексико со најмалку 17 жртви

7 март 2022 - 15:14