Викенд на евроголови, штета за поништениот на Жоао Феликс кој ќе беше број 1 на месецот

Богат избор на голчишта имаше колово. Стигнавме до топ 5 листа, која можеби и ќе ја појачавме ако буричкавме уште по европските лиги.

Стартуваме со Жоао Феликс кој ја испука мајсторски од далечина во стилот на Дејвид Бекам за хет-трик на гостувањето против Реал Бетис. Ама судијата му го скрати ќеифот поради фаул во напад на Гризман.

Во Романија од кал да е, Попеску да е. Се игра 94-та минута на мечот Стеауа Букурешт - Волунтари 0:0, а тој го решава на спектакуларен начин.

За третиот гол се селиме во Словенија на мечот Табор - Копер 1:1, каде имаме нова многу јака бомба.

А го знаете ли вие Римес? Пардон, Промес од Спартак Москва? Епа ова е Холанѓанецот Квинси Антон Промес.

Проектилите ќе ги разбиеме со голчиште од шеснаесетник, дело на 22 годишниот Чучо Хернандез од Ватфорд на мечот против Арсенал, кој топџиите го добија со 2:3.

7 март 2022 - 08:31