Навивачите на Вотфорд на Курт Зима пред неколку недели при секој негов пад на теренот му пееја: „Исто како твојата мачка“, а во Њукасл навивачите на трибини носеа кукли со мачки додека фудбалерот на овој тим Крис Вуд му мјаукал при секоја средба на теренот.
А на мечот Ливерпул - Вест Хем (1:0) во саботата, навивачите скандирале: „Мачка, мачка, мачка!“ во време кога над стадионот поминувал авион со закачена парола на која пишувало: „Cats Lives Matter“.
Во Англија има традиција со приватни авиони да се пренесува некоја парола против тренер кого не го сакаат веќе на клупата или против некој раководител во управата.