Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Пријателе, дај лото броеви

Околу 200 навивачи го бодреа белградски Партизан на мечот во Мадрид со Реал. Пред дуелот, новинари на Спортклуб прават репортажи околу салата и прашуваат двајца навивачи што мислат за резултатот. Радомир го здена од прва!

Гробари „го погребаа“ Јабуселе како професионален борач

Серхио Љуљ го направи клучниот потег по кој избувна групната тепачка во Мадрид, ама Гершон Јабуселе беше безобразно груб и насилен, до таа мера што на Данте Егзум му ја заврши сезоната. Навивачите на Партизан одговорија брутално.

„Шаќировка“ од корнер во Премиер лига и тоа ниска

После оние 6:1 над Тотенхем, Њукасл удри силно и против Евертон со гостинска победа од 1:4. Единствениот гол кој го примија гостите е директно од корнер, ама малку необичен. Го постигна Двајт Мекнил.

Колку босански гледач се задржува на натпревари од македонска лига?

Фудбалски фан од БиХ се пожали што тоа сè даваат на Спорт клуб. „Браќа Македонци, знаете дека ве сакам, ама ни вие реално не би ја гледале нашата Втора лига,“ се пожали човекот. Разумни луѓе сепак го потсетија дека може и полошо.

Шпанска Марка: „Реал од шампионска титула до најцрн пораз во историјата“

Шпанските новинари се едногласни во коментарите дека она што се случи пред крајот од вториот четвртфинален дуел меѓу Реал Мадрид и Партизан е срам за спортот.

Исак од Њукасл со дриблинзи какви не се паметат во Премиер лига

Во најбогатата, најгледана и најдобра светска фудбалска лига - Премиер, играле многу мајстори од разни земји на светот. Навивачите сведочеле неверојатни бравури, меѓу кои сигурно се вбројуваат и овие на шведскиот центарфор Александер Исак од Њукасл.

Обрадовиќ: Да возвратиме за феноменалното гостопримство и никој од Реал да не се почувствува непријатно

Жељко Обрадовиќ со сиот свој габарит и искуство, како прав господин уште веднаш после мечот додека е уште врел костенот, веднаш испрати порака до навивачите на Партизан како треба да се однесуваат кога Реал ќе дојде на гости.

Кошаркарите на Партизан пречекани на аеродром од навивачите

Доцна во ноќта, по пристигнувањето на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од Мадрид, кошаркарите на Партизан кој одиграа уште една маестрална партија и го растурија Реал Мадрид со 15 поени разлика на гости (80:95) во меч кој го одбележа уличарска тепачка, стотина навивачи на белградскиот клуб ги пречекале своите миленици.

Срамни сцени во Мадрид, кошарката на крај се претвори во кечери

Место да биде кошаркарски празник, второто соочување на Реал и Партизан во четвртфиналето од Евролигата се претвори во улична тепачка. Србите слават нова голема победа, а Данте Егзум заврши со патерици.

Жирона - Реал ли е, Силекс - Саса ли е?

Навикнати сме кај нас на фудбалски сцени со крави и волови на терен, гледачи по балкони и кровови, а и на софри со бели чаршафи. Ама дека ќе дочекаме момент како може да се гледа 14 кратниот првак на Европа од брдо и тоа во прва лига, немаше шанси да поверуваме.

Едно многу чудно слободно фрлање

Гран Канарија игра одлична сезона во Еврокупот и стигна до големото финале во овој втор по ранг турнир во европската кошарка. На домашен терен го совладаа Хувентуд со 89-86 а Кајл Гај во еден момент изведе слободно фрлање после кое топката фати чуден ритам.

Димитриевски vs Левандовски

Четврти натпревар по ред Рајо Ваљекано не губи од Барселона. Ланска сезона ги победија два пати по 1:0, а оваа прво 0:0, па синоќа 2:1. Еден од најјаките голгетери во свет, не може никако на крај да излезе со првиот голман на македонската фудбалска репрезентација.

Се враќа ли бе ваква убавица на лет?

Руската тенисерка Виталиа Диаченко не успеала да стигне на турнир и заглавила цел ден на аеродром поради тоа што во пасош и пишувало дека е Русинка.

Во ноември беа 16-ти, во април се пласираа во Премиер лига

Само два дена после Барнли каде тренер е Венсан Компани а во составот (но далеку од првите 11) е Дарко Чурлинов, сега и Шефилд Јунајтед обезбеди и теоретски пласман во богатата и најдобра светска лига - Премиер.

Најјаката тепачка за време на мечот Реал Мадрид - Партизан

Не знаеме каде, како и зошто тоа се случило, ама тајмингот е тој, а имаме и жив пример, односно учесник кој сам се пријави како жртва.

Величествен пречек за децата кои го направија Хајдук европски вицепрвак

Во денови кога кај нас најскапоцениот и најдрагоцениот фудбалски бисер едвај сјаје и функционира без денар, од Хрватска доаѓаат вести по кои човек ќе помисли дека живееме во два парaлелни универзуми.

Адетокумбо лут ко рис на прес-конференција

А како и не би бил фрустриран најдобриот играч во НБА според мислењето на многумина, кога цела сезона правеа растур-систем со Милвоки Бакс и остварија неверојатни 58 победи по сите паркети ширум лигата. За да во прва рунда од плејоф, скалпот им го земе Мајами Хит и тоа со 4-1. Како да не биде фрустриран Гркот кој пропушти три клучни меча (два цели и на еден одигра само 11 минути) против тимот од Калифорнија.

Гвардиола психолошки го изиграл Арсенал со пехар крај теренот

Поранешниот норвешки фудбалер а денес стручен коментатор и новинар, Јан Оге Фјертофт објави кадри на кои се гледа како луѓето од Манчестер Сити пред големото дерби со Арсенал на два часа пред мечот го пренесуваат шампионскиот пехар од страна кон средина на теренот.

Повторно луд кош на Џими Батлер, Милвоки и Адетокумбо елиминирани

НБА плејофот е магичен. Таму секој секого може да победи и во тоа има голема драж. Како што синоќа Мајами, седмопласиран на крајот од регуларниот дел по четврти пат го победи апсолутниот лидер Милвоки Бакс и го елиминираше борбата за титула.

Растур систем на Нено Димитријевиќ против Зенит

Македонскиот репрезентативец ја одигра можеби една од најјаките партии во кариерата. Го разнесе Зенит со 32 поени и е на чекор до финале во рускиот шампионат.

Столе и Рајо пак ја урнаа Барса

Она што е Жирона за Реал Мадрид, нагазна мина од година во година, тоа е Рајо Ваљекано за Барселона. Тимот на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски синоќа со 2-1 пак ги победи Каталонците, по трет пат во последниве пар сезони.

Податок на денот за Челси

Да го прочитавме ова за Саутемптон, Херта Берлин, Сампдорија, Елче и Анжер како последни на табела во топ 5 лигите, ајде некако, ама како за довчерашен англиски и европски првак ова е многу срамно и понижувачки.

Кевин де Брујн еден на еден, елегантно и мајсторски

Манчестер Сити го декласираше Арсенал со 4:1 во дуелот вреден титула во Премиер лигата. Каква играчина е Кевин де Брујн. Треба да учат од него.