Херојска партија на Роналдо, му донесе трофеј на Ал Наср во продолженијата

За Меси и Роналдо годините дефинитивно се само бројка. Едниот врза голгетерска серија на првите 5 меча во САД, а другиот стигна до првиот трофеј во Саудиска Арабија и тоа со два негови погодоци.

Ал Наср за прв пат во историјата го освои трофејот на Арапскиот куп откако во финалето беше подобар од Ал Хилал со 2:1.

Јунак на мечот беше Кристијано Роналдо кој со два гола му донесе триумф на својот тим со пресврт.

Ал Хилал поведе со голот на Михаел во 51. минута, Роналдо израмни во 74-та. Победата вредна трофеј ја оствари во 8 минута од продолженијата.

За Ал Наср со Роналдо настапија Мане, Брозовиќ, Фофана, Талиска и Телес, а за Ал Хилал во составот беа Сергеј Милинковиќ Савиќ, Кулибали, Рубен Невеш и Малком.

Роналдо на крај се повреди и беше изнесен на носилки.

 
12 август 2023 - 22:06