Ди Марија ја изремети одбраната на Порто за нов пехар на Бенфика

Аргентинскиот ас и светски шампион со „гаучосите“ играше во многу клубови а секогаш изјавуваше дека Бенфика му е најдраг. И покрај тоа што имаше бројни понуди летово како слободен играч, особено богати од Саудиска Арабија, на крај се реши да се врати во Бенфика. Сега во големото дерби со Порто во Суперкупот на Португалија славеа 2-0 а Ди Марија постигна убав гол во 61’ минута на асистенција на новото засилување Кокчу од Феенорд.

 

На овој натпревар циркус направи Пепе. Ветеранот кој со години е најпроблематичен фудбалер, доби црвен картон поради намерно удирање противнички играч а додека одеше кон соблекувалната го покажуваше дресот кон преполните трибини со навивачи на Бенфика: 

10 август 2023 - 09:24