Стефан Ристовски собра огромно искуство како член на Ријека, Парма, посебно Спортинг Лисабон и сега Динамо Загреб со кого игра еврокупови и прослави неколку шампионски трофеи.
Ристовски го оствари сонот и беше дел од историската генерација која обезбеди прв пласман на едно големо Европско првенство 2020.
По заминувањето на Горан Пандев, популарниот Рики заслужено ја доби капитенската лента.
Тој доаѓаше на речиси сите собири и секогаш го даваше максимумот за репрезентацијата на Македонија. Во секое време и против кој било противник. Но сега работите и кај него се смениле.
Во подолга објава на социјалните мрежи, Стефан Ристовски вели дека се повлекува од репрезентацијата затоа што националниот тим оди во погрешен правец.
Ристовски отворено вели и: „Односот меѓу мене и сегашниот селектор Благоја Милевски не е во најдобар ред за што лично сме разговарале и од моја страна му било предочено како капитен за се она што се случува во и околу репрезентацијата.
Им благодарам на сите навивачи и целата македонска јавност кои безерезервно ме бодреа на сите натпревари“.