Нови снимки од хаосот во Атина покажуваат и друга страна

Страстите по жестоките нереди во Атина каде навивачите на Динамо Загреб во коалиција со оние на Панатиниакос (Гејт13) направија хаос во кој загина 29-годишен Грк, сè уште не се смируваат. На суд секојдневно полицијата носи уапсени хулигани од Хрватска, а пред судот протестираат стотина навивачи на АЕК кои се пречкаат со обезбедувањето.

Во меѓувреме во грчките медиуми се појавија фотографии од безбедносните камери на околните локали на кои нејасно се гледа жртвата на нередите, но и снимки на кои се гледа дека ниту навивачите на АЕК не биле така мирољубиви кога почнал хаосот:

 

11 август 2023 - 15:15