Прекрасниот мозаик на Копа Либертадорес во Парагвај

Олимпија Асунсион со 3-1 го згроми фаворитот Фламенго од Бразил и со вкупен резултат 3-2 се пласираше во 1/4 финале на највредниот турнир во цела Јужна Америка. Навивачите во главниот град на Парагвај направиле спектакл синоќа.

Паровите во 1/4 финале:

Депортиво Переира (Колумбија) - Палмеирас (Бразил)
Флуминенсе (Бразил) - Олимпија (Парагвај)
Бока Хуниорс (Аргентина) - Расинг Клуб (Аргентина)
Боливар (Боливија) - Интернасионал (Бразил)

11 август 2023 - 08:55