Ефектот Меси во САД: 5 пати поскапи карти, Мајами добил милиони нови следбеници, повеќе од Чикаго Булс

Како што фудбалот во САД се делеше на пред и после Пеле, така сега според зборовите на сопственикот на Интер Мајами Хорхе Мас: „Фудбалот во САД се дели на пред и после Меси“. Преувеличува ли првиот човек на новиот клуб на Лео или тоа е реалност?

Лионел Меси досега не одигра ниту еден натпревар во МЛС (играше во Лига Купот, нов турнир на кој играат екипи од МЛС и од мексиканската лига), но веќе силно влијае на фудбалот во Северна Америка.

И работата не е во 3,5 милијарди прегледи на неговата промоција во САД (така изјави Бекам но згрешил со бројките).

После Меси во САД по него дојдоа уште и Жодри Алба и Серхио Бускетс, светски ѕвезди од трофејната Барселона а наскоро би можел да дојде во САД и Гризман.

Расте бројката на нови уплати за преноси од МЛС лигата и за натпреварите на Интер Мајами.

Зборовите на Хорхе Мас можеби се премногу амбициозни, тој вели дека МЛС сака да биде најголема лига на свет, но уште е многу далеку од Топ5 и заостанува и зад лиги како онаа во Саудиска Арабија каде исто заминаа голем број светски ѕвезди. 

НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ИНТЕР МАЈАМИ СТАНА ПЕТТИ НАЈПОПУЛАРЕН КЛУБ ВО САД (ПОПОПУЛАРНИ СЕ САМО НБА ФРАНШИЗИ) И 11-ТИ ВО ЦЕЛИОТ СВЕТ

Влијанието на Меси на фудбалот во САД е видливо на социјалните мрежи. Се зголеми бројот на следбеници не само на профилите на Интер Мајами и МЛС туку и на профилите на Дејвид Бекам.

Бекс од јули 2023-та го следат нови 1,3 милиони луѓе.

Лионел со својата појава им помага и на ривалските клубови па така на пример Круз Азул кој има по 4-8.000 нови потписници месечно, во јули 2023-та добил нови 12.000 следбеници од кои дури 3.000 на денот на мечот со Интер Мајами.

Атланта Јунајтед месечно ја заследувале по 1.000 нови следбеници а од јуни и јули по 5.000 нови. На дента на мечот против Интер Мајами и Меси добиле нови 1.500 луѓе кои ги пратат.

Интересно, Инстаграм профилот на ПСЖ паднал од 71 на 67 милиони потписници што се смета за анти-ефект на Лионел по негово заминување.

Најголем ефект секако има Интер Мајами кој како нов клуб на Меси го зголемил аудиториумот за дури 3 пати. Во мај месец имале 1 милион следбеници (втори во МЛС после Лос Анџелес Галакси) а веќе во средината на јуни кога Меси дојде, добиле 8 милиони следбеници на Инстаграм.

Интер Мајами сега е на високот четврто место меѓу најпопуларните спортски клубови во САД на Инстаграм. Прв убедливо е Голден Стејт Вориорс со 31,1 милион следбеници, втори се ЛА Лејкерс со 23 милиони, трети Кливленд Кавалирс со 16 милиони а Интер Мајами во моментов има 13,3 милиони луѓе кои го пратат на Инстаграм.

Интер Мајами има повеќе лица кои ги следат на социјалната мрежа Инстаграм од едни Чикаго Булс, Бостон Селтикс, Мајми Хит, Хјустон Рокитс, Оклахома Сити Тандер и Милвоки Бакс.

Расте на големо и продажбата на предмети со името на брендот Меси. Директор на adidas Soccer во Северна Америка (овој гигант ја облекува цела лига МЛС а е Лионел Меси има доживотен договор со компанијата да биде нејзин амбасадор) Тор Сауард рекол на 20 јули дека барањето за дресови од Меси е неверојатно, продажбите уриваат рекорди а на онлајн продавниците не може да се најдат.

Исто е и со спонзорскиот потенцијал. Благодарение на Меси комерцијалните приходи на Интер Мајами пораснале за неколку пати (така беше и во ПСЖ).

По доаѓањето на Лионел, Интер Мајами веќе ги обновил спонзорите на ракавите од дресовите - сега таму стои името на швајцарската логистичка компанија Fracht Group. 

БЛАГОДАРЕНИЕ НА ЛЕО МЕСИ ЗАРАБОТУВААТ СИТЕ

На Меси заработуваат сите не само Интер Мајами, туку и сите клубови кои играат против него.

За Синсинати најголем меч на сезоната е оној против Колумбус Кру (го викаат Дерби на Охајо). Картите се распродаваат за неколку дена (17.000 сезонци и 8.000 влезници се продаваат многу брзо).

Но на домашниот меч против Интер Мајами сите карти биле распродадени буквално за неколку часа. Карти чинеле од 382 долари па нагоре.

Да се гледа гостински меч на Меси против Орландо е можно за 334 долари, против Њујорк Ред Булс во Њујорк за 502 долари а во Лос Анџелес од 663 долари па нагоре.

Но најмногу од сите нив на Меси заработил Чикаго Фајр, една од најскромните екипи во лигата и еден од најстабилните аутсајдери кој ќе го пречека Интер Мајами на стадионот „Солџер Филд“ кој собира околу 60.000 места.

Чикаго Фајр во просек го гледаат по 12.000 гледачи но за мечот со Меси и Интер Мајами закажан за октомври се очекува полн стадион - веќе се продадени 40.000 карти а до тогаш ќе се продадат и преостанатите. Од нив 8.000 се продале на 7-ми јуни, уште при првите гласини дека Меси доаѓа во Мајами, а уште 10.000 карти се продале откако официјално беше објавено дека светскиот шампион е нов играч на Интер Мајами.

*******************************

Каква фора им продал Меси од слободен удар

10 август 2023 - 11:35