Offside

Некогаш овој клуб беше еден од бројните клубови од данската Суперлига, а денес е синоним за развој на големи таленти во светскиот фудбал. Додека европските великани трошат десетици и стотици милиони евра на засилувања, Нордсјеланд изградил модел кој им носи огромен профит а секоја година имаат нова спремна генерација.

Македонија го реши Луксембург и е речиси пласирана на ЕП 2024

Македонската ракометна репрезентација ја оправда фаворитската улога против Луксембург на гости и само пораз дома со двоцифрена предност од Турција може да им го расипе патот до следниот континентален шампипонат.

Милина на колото

За време на дуелот од француската Лига 1 меѓу Лориен и Тулуз кој гостите го добија 0:1, холандскиот центарфор на Тулуз 22-годишниот Тијс Далинга при еден напад шутнал силно над голот а топката погодила едно детенце. После мечот му се извинил со пригоден подарок.

Два различни света

Додека нам ни делува апсолутно неразбирливо кога гледаме со каква страст во некои делови од светот се следи голф, познатиот голфист Чејз Коепка направил ас (погодок од прва и права реткост во голфот) и предизвикал бура на трибините каде навивачите фрлале со пиво во транс.

Нов документарец на МТВ насловен како „ФК Балкан, хероите на едно време“

Само шест месеци по филмот за „Благоја Георгиевски Буштур“, Македонската радио телевизија пријатно изненади со нова спортска содржина посветена на гордоста на чаирчани кога фудбалот се играл од љубов и за љубов. Го носел прекарот „Селтик од Чаир“.

Вечерва мега спектакл Сити - Арсенал, мегдан за титула

Во 21:00 вечерва се игра големото дерби на Премиер лига меѓу Манчестер Сити и Арсенал, натпревар кој е исклучително важен во трката за титулата меѓу овие два тима.

Луда тројка го реши и мечот Бостон - Атланта

Во Европа утрово се зборува за ладнокрвниот шут на капитенот на Партизан Кевин Пантер кој во последна секунда од мечот со Реал Мадрид во четвртфинале го реши победникот. А синоќа во НБА слична егзекуција имаше и од Трае Јанг, лидерот на Атланта Хокс кој ја замрзна цела „Ти Ди Арена“ во Бостон.

Реакцијата на Обрадовиќ за тројката во последна секунда

Во моментот кога Кевин Пантер го фрли Реал Мадрид на колена, а навивачите на Партизан збеснаа, исто како и коментаторот на Спортклуб, веројатно сите очекуваа мирна реакција само од Жељко. Ама и тој експлодираше од емоции, а тоа се гледа на оваа снимка направена од трибини.

Додик во студио снимен како зборува против семејството на Ѓоковиќ

За време на гостувањето на Радио телевизија Србија (РТС), претседателот на Република Српска Милорад Додик, додека емисијата не одела во пренос, му се пожалил на коментаторот за односот на членови на семејството на Ѓоковиќ.

Една арена, 4 клуба, 6 меча за 5 дена - како се менува паркет во мраз за неколку часа?

Култната сала „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк има богата историја, „Ти Ди Гарден“ во Бостон Селтикс важи за барометар на кошаркарското образование во НБА и почит кон постарите, а „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес, денес позната како „Криптоком Арена“ е исто симбол на трофејните ЛА Лејкерс.

Што е со слаломов на Винисиус?

Најсветла точка во играта на Реал Мадрид кој синоќа беше понижен од Жирона со 4:2 е дефинитивно Винисиус Жуниор, кој покрај тоа што постигна гол, во повеќе наврати им го помати умот на противниците. Погледнете го ова соло сам против сите. Неверојатен играч и дефинитивно меѓу најдобрите во свет во моментов на таа лева крилна позиција.

Кој е Валентин Кастељанос, јунакот кој му заби четири гола на Реал Мадрид?

Сензација на месецот во шпанска Ла Лига е триумфот на Жирона над Реал Мадрид од 4:2, а веста на денот е тоа што сите четири гола за домаќинот ги даде еден ист играч, Валентин Тати Кастељанос.

Тати Кастељанос е прв играч по 76 години кој му даде 4 гола на Реал во Ла Лига

Лоша вечер за Реал Мадрид и во фудбал и во кошарка. Кралевите се соочија со понижување од Жирона која ги декласираше со 4:2. И тоа еден ист играч ги постигна сите голови за домаќините.

Дрска тројка на Пантер за победа на Партизан во Мадрид, коментаторот збесна

Жељко Обрадовиќ не можеше да посака подобар старт за Партизан во тешката фајнлфор битка против Реал Мадрид. Го добија на нивен терен со 87:89, благодарение на јуначниот потег на Кевин Пантер за делириум меѓу гостинските трибините и коментаторот. Вториот меч во четврток се игра повторно во Мадрид.

Дејо Геније да ви каже нешто за докторот на Ѕвезда и убавата Снеки

Таков е денот денеска. Документарец со Дарко Панчев очекувано носи легендарни приказни од носталгичните ју времиња со Вардар и Црвена Ѕвезда, анегдоти на Васил Рингов и сл. Да чуеме уште нешто на таа тема.

И 13 години подоцна, најлудата тројка на Кецман уште се прераскажува

На 25. април 2010-та година, неверојатната генерација на КК Партизан предводена од Душко Вујошевиќ и Бо Мекејлеб на паркетот, ја совлада Цибона среде Загреб со најлудата тројка постигната на овие простори. На 0,6 секунди до крајот додека домашните играчи и навивачи се радуваат, Душан Кецман ја фрла топката далеку од кош до кош.

Златна Копачка доделува џек пот на најдобриот играч со повеќе погодени од промашени парови

Имај повеќе погодени од промашени парови на твоите тикети и собирај поени кои се рангираат на генералната JACKPOT ранг листа.

И за лубеница треба вештина

Особено ако ја држиш како овој навивач на АИК од Солна во шведската лига.

Карамбол на денот

Дваесет и деветто коло на португалска лига Примеира: Портимоненсе - Жил Висенте 1:0. Во еден момент од натпреварот имаше рафална серија пред еден од головите, но голманот и стативите спасуваа.

Овој па пак е нешто нервозен

Има и зошто. Пак не даде гол, туку погоди само статива, а неговиот тим е елиминиран од ново Куп натпреварување, вкупно трето за еден месец.

Страшниот хук на Маракана

На култниот стадион, најпознат на светот, Маракана во Рио де Жанеиро сезониве игра Флуминенсе, еден од потрофејните клубови од Бразил. Кога даваат гол, бучавата го дрма градот.

Анегдотите кои Васил Рингов ги раскажа за Панчев

На промоцијата на документарецот за Дарко Панчев имаше многу фудбалски легенди на Вардар, Црвена Ѕвезда па сè до Милан. Ама шоуто го украде Васето од Струмица.

Смешната реакција на Никола Јовиќ ја освои НБА публиката

Милвоки Бакс одигра неверојатна регуларна сезона и со 58 победи беше убедливо најдобар тим пред стартот на плејофот. Но таму, во доигрувањето налетаа на страшниот Џими Батлер и Мајами Хит кои во моментов водат 3-1 и се на праг од полуфинале на Истокот. Батлер влезе во историските книги откако синоќа постигна 56 поени и буквално сам ги победи Бакс. Тој е четврти на вечната листа на рекордни поентери на еден плејоф натпревар.

Спектакуларна партија на Џими Батлер за рекорд

Кошаркарите на Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс се на прагот од пласман во полуфинале на Истокот и Западот во НБА лигата. И двете франшизи стигнаа до трет триумф над Милвоки Бакс односно Мемфис Гризлис. Мајами со 119-114 го урна Милвоки во партија која што ја одбележа лидерот Џими Батлер со дури 56 поени! Рекорд во клупската историја на Мајами Хит кој не го поставил претходно ниту Вејд ниту Леброн Џејмс.