„Преминот на граница на хулиганите на Динамо Загреб бил недопустлив и неприфатлив инцидент. Голем неуспех во превенција и одвраќање назад од граница на хулиганите од страна на грчката полиција“, изјавил меѓудругото Јанис Оиконому, министер за цивилна заштита на Грција од јули 2023-та.
Пропуста на грчката полиција во пропуштање на хрватските хулигани кои решиле да одат преку Албанија со цел да го одвлечат вниманието од пофреквентните граници, се смета за една од главните причини за страшните нереди. Особено што неколку дена на големо се пишуваше по грчките и хрватските медиуми за можни евентуални нереди и забраната за гостински навивачи на натпреварите АЕК Атина - Динамо Загреб и Хајдук Сплит - ПАОК.
Министерот за цивилна заштита оставил и отворена можност да има нови казни и навел дека „се подразбира дека кадровски решенија и отпуштања поради овој инцидент нема да застанат на овие седум“.
„Пред сè, сакам да изразам искрено сочувство на семејството на загинатиот. Немам зборови за загинатиот млад човек кој неоправдано го загубил својот живот.
Спортот не е место на насилство и спортскиот дух не треба да биде извалкан. За жал, и покрај големиот труд, посебно после убиството на Алкис Кампанос (млад навивач на Арис кого во Солун го уби навивач на ПАОК со албанско потекло), се уште не успеавме да го победиме навивачкото насилство.
Во тој правец ќе истраеме, посистематски и поинтезивно. Но очигледно дека е потребно многу повеќе на секое ниво. Ова е длабок, радикален, пан-европски проблем зошто во случајов се вклучени и навивачи од разни држави кои имаат воспоставено меѓународни мрежи на нсилство и активни се во многу земји.
Владата и надлежните органи на чело со Грчката фудбалска федерација ги преземаат сите неопходни мерки и во постојана комуникација се со сите вклучени органи зошто во следните часови не чека одржување на други важни натпревари од УЕФА во Грција“, рекол Оиконому на прес-конференцијата и додал:
„Што се однесува до навивачите на Динамо Загреб и нивното патување во Грција до местото на инцидентот, настанот е недопустлив и неприфатлив зошто тоа е под можностите на грчката полиција која при брза постапка приведе и затвори 98 лица“.
Министерот најавил и неколку итни и неодложни оставки на функционери во разни државни сектори во областа на безбедноста.
Во меѓувреме сајтот Newsit.gr објави поверливи извештаи од Биро за борба против насилство на спортски манифестации каде уште на 6-ти август било наведено дека група од околу 100 озлогласени загрепски хулигани ќе пристигнат во Атина, дека се во пријателски односи со навивачите на Панатинаикос и дека веќе резервирале сместување во еден атински кварт. Оттука постои прашање кој направил пропуст во службите и не реагирал навреме да се спречат жестоките судири кои доведоа до загуба на млад човечки живот.