Ромелу Лукаку се наоѓа во специфична ситуација. Член е Челси кој сака да го трампа со Влаховиќ, а изминатата сезона играше на позајмица во Интер. Навивачите на Интер го сметаат за предавник бидејќи е блиску до омразениот Јувентус, ама па и таму не е добредојден. Веќе му спремија трол.
„Лукаку остани во Милано. Веќе имаме втор голман“, гласи транспарентот на навивачите на Јувентус кои го реметат Белгиецот за финалето од ЛШ, во кое блокираше неколку удари на своите играчи во шеснаесетник.