Франсис Нгану - најсилниот удар на свет, јак 96 коњски сили

Франсис Нгану, фамозниот УФЦ борец го има најсилниот удар во светот на боречките спортови. Иако тој веќе три години никој не победил со нокаут, сепак рекордот го држи околу шест години. Не му го урнал ниту најсилниот удирач на светот во 2017-та.

Франсис Нгану настапуваше во УФЦ од 2015-та до 2023-та и следбениците на овој жесток спорт го паметат по чудовишната природна снага. Дури 10 од 15 победи му се со нокаут, а во УФЦ кариерата задал дури 229 прецизни удари од кои 156 (68%) завршиле во глава на противникот.

Во 2017-та Нгану поставил и рекорд по силина на ударот. PowerCube, апарат за мерење силина на удар кој мери прецизност и брзина фиксирал резултат од 129+ илјади единици. Овие бројки никој не ги надминал до сега.

Рекордот на Нгану пробал да го урне и Еди Хил, неофицијално еден од најсилните луѓе кој покажал резултат од 90 до 114+ илјади единици. 

„Тоа беше забавно. 10 посто до најсилниот удар на светот, поточно најсилниот за кој знаеме. Мислам дека може да се подобри. Немам јас таква техника како Франсис, ми требаше 50-60 удари за да се размавнам така и да бидам прецизен. Така што сега знам што правам. Мислам дека би се вратил и можам да го надминам“, рекол пред шест години Хил.

Но ниту тој се вратил ниту некој друг го надминал рекордот на Камерунецот.

Моќноста на аперкотот на Нгану состоела 122 илјади единици. Со таков удар кој бил избран за нокаут на годината, Франсус го совлада Алистер Оверим во 2017-та. Самиот Оверим рекол дека тоа е „аперкот од пеколот“.

Првиот човек на УФЦ, Дана Вајт раскажал за рекордот кога промовирал борба на Нгану против Стипе Миочиќ во 2018-та: „Ова е сопственик на светскиот рекорд во силина на удар со тупаница. Неговиот удар е еднаков со 96 коњски сили што е еднакво на возило“. И удира посилно од 5 килограмски чекан“.

Две години после двата порази по ред од Стипе Миочиќ и Дерикс Луис, Нгану отишол во клубот Xtreme Couture кај тренерите Ерик Никсик и Дју Купер.

Нгану често вежбал со товарење лопати песок во големи приколки а еднаш и на раце го кренал Шекил О’Нил кој тежи преку 150 килограми.

„Ова е првпат некој мене да ме крене на раце“, се смеел Шек.

Нгану сега а 26-ти октомври го чека спектаклот на годината, боксерски меч со „кралот на циганите“, Тајсон Фјури, светскиот шампион по WBC верзија.

8 август 2023 - 15:07