Роналдо со гол од пенал го однесе Ал Наср во финале и доби трофеј за кој го закачнаа

Ал Наср обезбеди пласман во финалето на Арапскиот Куп на шампиони, а Кристијано Роналдо беше прогласен за играч на натпреварот. Погодува на четири меча во низа.

Полуфиналната средба меѓу Ал Наср и Ал Шорт беше решена со погодокот на Роналдо од пенал во 75 минута кој го однесе својот тим во финалето на Арапскиот Куп на шампиони.

Ал Наср на овој меч го имаше најсилниот состав во кој беа уште и Марсело Брозовиќ, Садио Мане, Секо Фофана, Алекс Телес, Талиска.

Роналдо беше прогласен за играч на мечот и на крај доби награда која личи на онаа која им се доделува на шампионите на Светските првенства.

За Твитерџиите тоа е одличен повод за забава. 

10 август 2023 - 08:16