Долг тениски поен донесе чудна дебата на сред терен

Милош Раониќ, познатиот канадски тенисер со потекло од регионов, на времето беше меѓу топ 10 на светот. Играше многу Гренд слемови и познати турнири. Потоа паузираше две години и сега се врати на терените откако добил покана за настап на Мастерсот во Торонто. А таму го снашла чудна епизода.

Раониќ направи големо изненадување и после паузата го совлада Американецот Френсис Тиафо. Мечот завршил 2-1 а два од трите сета биле мошне израмнети и се решавале во тај-брејк.

Во првиот сет се играл луд тај-брејк кој стигнал до 14:12 а истиот завршил многу чудно. По една долга размена, Тиафо стигнал една скратена топка и освоил поен. Но додека го удрил топчето се забил во мрежата што според многумина е поен за ривалот. 

Но судијата Фергус Марфи кој прво досудил поен за Раониќ, после ја корегирал одлуката и му дал поен на Тиафо. Образложил дека Американецот се забил во крајниот дел од мрежата којшто не се смета за престап и којшто е јасно обележан на мрежата.

„Знам, знам дека е многу комплицирана и сложена одлука, но верувајте такво е правилото, верувајте“, им објаснуваше Марфи а Раониќ го искрши рекетот во лутина.

9 август 2023 - 09:41