Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Јокиќ и Мареј извадени со специјалци од лудата парада

Според проценки на полицијата во Денвер, околу 700.000 луѓе излегле на големата шампионска парада на Нагетс по повод прослава на титулата во НБА. Пред крајот, од целата толпа специјалци од SWAT единицата ги извлекле Никола Јокиќ и Џамал Мареј.

„Луѓе, дајте само да се напијам некое пиво“

Един и Коле од Арена Спорт имаат свежо, тазе интервју со новиот НБА шампион и МВП Никола Јокиќ. Со нив прави лежерен муабет и е некако свој на свое.

За Меси ако треба нека те носат и седум полицајци

Ни пријателски меч меѓу Аргентина и Австралија игран во Кина, не помина без натрапник на терен кој влетал да го гушне и да се слика со својот миленик. Царот се смеел кога го ваделе од терен.

На денот на мечот со Македонија, затворен е првиот човек на украинскиот фудбал

Надлежната судијка од Шевченкивскиот окружен суд, Лавова Билинска донела пресуда за 60-дневен притвор без право на кауција за претседателот на Украинскиот фудбалски сојуз (УАФ) Андреј Павелко. Тој е обвинет за финансиски малверзации и проневера на средства за изградба на фабрика за производство на вештачка трева за фудбалски игралишта. Со него е осуден и генералниот секретар на УАФ, Јуриј Записоцки. Вечерва Украина во Скопје игра меч од квалификациите за Европско првенство 2024.

Како игравме со Украина на меѓусебните средби?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 во Скопје го игра вториот натпревар од квалификациите за Евро 2024. Ривал е Украина. Нашата репрезентација во прво коло забележа победа против Малта 3:1 а Украинците загубија 2:-0 на гости кај Англија.

Во Атина ништо ново: хаос и прекин на кошаркарското дерби

За време на четвртиот меч од финалето на грчката кошаркарска лига, на 2 ипол минути пред крајот на третата четвртина, кога Олимпијакос имаше водство од 22 разлика, навивачите на Панатинаикос направија хаос. Фрлаа разни предмети и пиротехника врз гостинската клупа и на паркетот па судијата го прекина мечот кој е регистриран службено со победа на Олимпијакос 0-20. 

Хаос на мечот САД - Мексико, 4 црвени картони, прекин пред време

Во натпревар од полуфиналето на Лига Нации за КОНКАКАФ федерцијата, САД со 3-0 го совлада Мексико во Лас Вегас во натпревар кој изобилувал со прекини и нереди.

Шампионска парада на Денвер Нагетс, Јокиќ поздравен од илјадници навивачи

Денвер ја дочека првата кошаркарска титула која што генерации ја сонувале 47 години. Затоа на шампионската парада според процени на полицјата, имало околу 700.000 присутни.

Кога Златан и Арнатуовиќ се закачнале во Виена

Кога човек ги гледа Златан Ибрахимовиќ и Марко Арнаутовиќ прво помислува дека се од иста мајка. Толку слична градба имаат и толку идентично се однесуваат на терен и надвор од него, што личи како да се браќа. И двајцата се деца на луѓе кои од Балканот тргнале во потрага по подобар живот, и двајцата направија врвни кариери.

Уште како мал играл сè - од плеј до центар

Уште на свои 9-10 години Никола Јокиќ, кога дошол во клубот СоКош Сомбор, тој бил „буцко кој сака да јаде бурек а бил плејмејкер заробен во тело на центар“.

Никола Јокиќ за мајките на мали деца

Најдобриот кошаркар во НБА финалето кој заслужено доби МВП (награда за најкорисен играч) во едно од бројните интервјуа деновиве раскажува и дека дури сега сфатил што значи мајка дома со мало дете.

Клубот од Бачка Топола кој го спонзорира Орбан и кој ќе проба да влезе во Лига на шампиони

Со оглед на одличните резултати на српските клубови во еврокуповите, оваа лига стекна право да има два претставници во Лига на шампиони. Еден директно во групна фаза, а друг од квалификации.

Најубавите голови во кариерата на Мохамед Салах

Најдобриот египетски фудбалер во историјата, од својата татковина каде играл за клубовите Итихад Басјун, Отмасон Танта и Ал Мокавлун, дојде во Европа каде направи дар-мар во дресовите на Базел, Челси, Фиорентина, Рома и најмногу во Ливерпул. Денес полни 31 година па во таа чест на едно место се собрани неговите најубави евроголови.

Нов голем гест на Рафа Надал за Новак

Големиот шампион кој има 22 Гренд слем трофеи од кои дури 14 на Ролан Гарос со што е прогласен за крал на овој турнир, беше меѓу првите кои му честита на Новак Ѓоковиќ за рекордниот 23. Гренд слем по триумфот во Булоњска шума во Париз. Сега пак му честитал на еден настан во Шпанија.

Од играчка до плачка со атрактивната хрватска навивачка

Пред големото полуфинале во Лига Нации меѓу Холандија и Хрватска во Ротердам, Ивана Кнол, најпознатата хрватска навивачка која секаде ја следи својата фудбалска репрезентација била по улиците на овој град. Таму ѝ приоѓале навивачи да се фотографираат. „Во еден момент ми пријдоа двајца пијани навивачи кои сакаа да се сликаме. Не успеавме од четири пати и им реков дека веќе не можам после што едниот почна да прави нереди“.

Не знам кај го оставив МВП трофејот

Тоталната спонтаност и незаинтересираност на Никола Јокиќ за целата еуфорија околу него е тоа што најмногу ја привлекува јавноста во САД. Просто неверно им е како човек со такви бројки, шампионска титула и МВП награда не знаеше што да прави со шампањското, ниту со пехарите кои ги доби. Во разговор со познатата НБА водителка Малика Ендрујс призна дека не знае кај го оставил МВП трофејот.

Коцкеста рапсодија во Ротердам, Хрватска ја суреди Холандија

Репрезентацијата на Хрватска ја продолжи својата неверојатна резултатска серија во Лига Нации па откако во силна група со Франција, Данска и Австрија беше прва и обезбеди учество во борбите за пехарот, синоќа во полуфинале на истиот турнир со 2-4 ја совладаа Холандија на гости. Хрватска победи со пресврт а сега во финале ќе го чека подобриот од мечот Шпанија - Италија кој се игра вечерва.

Убава иницијатива за гостинска публика во шпанскиот фудбал

Шпанската фудбалска публика е необична по многу нешта, па и по она што на гостинските натпревари не гледа како што се гледа во другите лиги во Европа. Од оваа причина истекнала иницијатива да се ограничи цената на влезници за гостински навивачи на фудбалските стадиони.

Савичевиќ со кола возел 1.200 км за погребот на Берлускони: „Ми беше како втор татко“

Дејан Савичевиќ е со сигурност една од најголемите клупски легенди на Милан, човек поради кого многу генерации се вљубија во црвено-црните.

Џек Грилиш уште не се отрезнил

Манчестер Сити организирал шампионска парада во градот. Освоија тројна круна и влегоа во вечноста како еден од ретките клубови на кои им успеало ова. Шампионска титула во Премиер лига, пехар во Лига на шампиони и трофеј во ФА Куп. Најдобриот тим во Европа заслужено славел. Се пиело сè и сешто а најмногу со чашката се дружел најскапо платениот фудбалер на тимот Џек Грилиш.

Јокиќ со порака што стана хит во САД

Симпатичната Малика Ендрјус од НБА Тудеј каналот во разговор со Никола Јокиќ го потсетува МВП-то дека бил 41-ви пик на драфтот а во моментите кога го поканувале на сцена тогаш во пренос одела реклама за „Тако Бол“, па нит го знаеле нит го познавале во јавноста.

Дарко од Чачак - новиот тренер на Торонто Репторс во НБА

Како гром од ведро небо за љубителите на кошарката стигна веста дека нов тренер на НБА шампионот од 2019-та Торонто Репторс станува непознатото име на овдешната јавност Дарко Рајаковиќ. Стратези од регионов досега не добиваа многу шанси во најсилната лига на свет, па ова е необична вест.

Денвер чекал и чекал 56 години додека не дојде тој

Денвер Нагетс е еден од 16-те најстари клубови во моментов во НБА. Основан уште во 1967-ма година како екипа во Американската Кошаркарска Асоцијација. Од сите тие 16 клубови шампиони станале сите (ако не во НБА, тогаш во Американската Кошаркарска Асоцијација). Сите освен Денвер. До утрово. Чекале 56 години.

Цел свет му честиташе на Ѓоковиќ, само Федерер уште не

Швајцарецот кој со Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал важат за тројцата најдобри и најтрофејни тенисери на сите времиња, сè уште не се огласи по повод рекордната 23-та Гренд слем титула на Србинот. Роџер беше често активен на социјалните мрежи, но овојпат сè уште го нема на темата Ролан Гарос. За потсетување, Рафаел Надал прв јавно му изрази честитки на Новак и испадна голем џентлмен како и многу пати досега низ кариерата.