Има најава за нов тренер на Реал после Анчелоти

Пред извесно време бразилската фудбалска федерација соопшти дека е потпишан договор со Карло Анчелоти кој ќе ги преземе кариоките во јуни следната 2024-та година. На негово место на клупата на Реал Мадрид најверојатно ќе седне некогашниот играч на овој клуб кој блеска како тренер.

Шпанско Radio Marca доцна во понеделникот вечер објавила дека управата на Реал решила Чаби Алонсо да ја презеде екипата следната сезона.

„Најголем фаворит да го смени Анчелоти е Чаби Алонсо. Немам никаков сомнеж во тоа дека ќе стане прв тренер на „бланкос“. Денес Мадрид го избра Чаби Алонсо за тренер на екипата од следната сезона, рекол познатиот новинар Матиас Пратс.

Некогашниот фудбалер на Реал Сосиедад, Ливерпул, Реал Мадрид и Баерн Минхен има договор со германски Баер Леверкузен до 2026-та година што значи дека Реал ќе треба да плати обештетување кое сигурно не би требало да е преголемо за „кралскиот клуб“.

Алонсо минатата сезона го презеде Леверкузен и од старт покажа дека е мошне вешт и талентиран тренер. После 5 кола сезонав Баер има дури 13 бода и е 2 на табела во германската Бундеслига. Зад Баерн Минхен се само поради нешто послаба гол-разлика. Баер Леверкузен во моментов е најефикасна екипа во топ 5 европските лиги со дури 25 гола на 4 меча.

Во последното коло го совладаа новиот бундеслигаш Хајденхајм со 4:1 а претходно во Лига Европа со 4:0 го преслушаа шведски Хакен.

26 септември 2023 - 10:08