Со Виктор Осимен не оди на арно. Ако му го скролнете профилот на Инстаграм, едвај ќе најдете фотографија во дрес на Наполи.
Ја има само онаа на која е свртен со грб во скок дуел и толку. Другите сите ги изгришал, веројатно затоа што е ифрит лут за непрофесионалниот и незрел потег на човекот кој ги води социјалните мрежи на клубот.
Админот на официјалниот Тик Ток профил на Наполи, објави видео со Осимен во кое се исмејува за промашениот пенал против Болоња, а потоа го тргна.
Агентот на играчот, Роберто Календа најави дека можно е да го тужат клубот.
„Тоа што се случи денеска на официјалниот профил на Наполи на платформата Тик Ток е неприфатливо. Прво беше објавено видео во кое се исмејува Виктор, а потоа, но сега со задоцнување, избришано.
Сериозен факт што предизвикува многу сериозна штета на играчот и го надополнува третманот што го трпи момчето во последниот период помеѓу медиумските пишувања и лажните вести.
Го задржуваме правото да преземеме правни дејствија за заштита на Виктор“.
🚨🔵 BREAKING: Victor Osimhen could take legal action against Napoli — per his agent Roberto Calenda formal statement.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 26, 2023
“What happened today on Napoli's official profile on the TikTok platform is not acceptable. A video mocking Victor was first made public and then, but now… pic.twitter.com/DFlPodbLEz
Што ме вадиш, треба победа да бркаме со двајца напаѓачи