Виктор Осимен немаше ден на гостувањето против Болоња кое заврши 0:0. Прво го промаши цел гол од 11 метри, а потоа се расправаше со Руди Гарсија бидејќи не го остави во игра до крај. Админот на официјалниот Тик Ток на Наполи, не беше воопшто нежен со најдобриот стрелец во Серија А за минатата сезона и еден од најзаслужните за Скудетото.