Што ме вадиш, треба победа да бркаме со двајца напаѓачи
Актуелниот шампион на Италија не бележи баш убедлив старт како лани и по 5 кола има само две победи. Со Болоња на гости одигра без голови и откако Руди Гарсија ги извади крилните напаѓачи Кварацхелија и Распадори за да освежи со Елмас и Политано, направи измена Осимен-Симеоне. Нигериецот се налути и му гестикулираше дека треба во финишот да гризат со двајца истурени напаѓачи.