Меси: Идејата во Мајами беше меѓудругото да почнам и да се релаксирам

Едно поинакво интервју со Лео Меси, повеќе за приватниот живот и секојдневието, отколку за фудбал, иако и тоа е неизбежна тема. На пример ќе дознате дали знае да го крене осигурачот ако му снема дома струја среде ноќ.

Меси секоја вечер го мести алармот во 7 сабајле. Потоа прават тостови со Антонела (исто како ние на работа), јадат чоколадо, па децата одат во школо, а тој на тренинг.

Во 13:00 часот ручаат сами во хармонија, па гледаат филмови и серии. Во 15:00 ги земаат децата од школо и ги носат на тренинг. Така од прилика му тече денот на најдобриот или еден од најдобрите во светот.

Во релаксираното интервју со Меси, ќе може да слушнете што прави Меси ако во 4 сабајле снема струја или што ако некое од децата качи температура?

Колку го користи мобилниот, праќа ли стикери и аудио пораки на Вотсап? Има ли другари на кои може да им се довери? Каде ги чува трофеите?

Инаку се дружи многу со братучедот на Антонела. Од аргентинските репрезентативци како блиски ги посменува Маскерано, Лавеци, Агуеро и Ди Марија.

Светското 2026-та му се гледа далеку и не знае дали ќе игра. Првата цел му е настап на Копа Америка.

Она што беше главен аргумент да се пресели со кариерата во САД, го повторува и сега. Да продолжи малку поопуштено каде е далеку пораат кога ќе излезе од дома.

„Идејата во Мајами беше меѓудругото да почнам да и се релаксирам. После толку многу години кариерата да продолжам на поинаков начин и да уживам. Во моментов го правам тоа“.

За ПСЖ

Со сите бев во добри односи, а потоа се вратив во земја која ја победивме во финале и која поради „наша вина“ не стана повторно светски шампион. Јас бев единствен играч од 26-те аргентински репрезентативци, кој не беше „признат“ од својот клуб.

Што после освојувањето на Светско?

Уживам во фудбалот и сакам да го прават тоа, сега на поразличен начин. Затоа одлучив да дојдам тука и да не продолжувам во Европа. Тука е поинаков животот. Инаку се разбира, јас сум карактер кој постојано сака да победува, воопшто не сакам да губам, ама до некаде порелаксирано е.

Ќе играш ли на СП 2026?

Не знам, бидејќи тоа е многу далечно. Целта ми е прво да играм на Копа Америка, која инаку ќе се игра тука во САД. Потоа ќе видиме како ќе се чувствувам, има уште три години до Светското.

Си размислувал што ќе правиш кога ќе престанеш? Ќе патуваш? Ќе уживаш во базен?

Не размислувам на тоа и не сакам да размислувам, бидејќи сакам да уживам во тоа што го правам. Направив важен чекор што ја напуштив Европа и дојдов тука.

25 септември 2023 - 13:09