Баерн треба да плати казна од 65.000 евра за фрлени тениски топчиња
Во првата рунда од германскиот Куп, Баерн Минхен лесно го совлада Прусен Минстер на гости со 0-4. Стрелци на головите беа Шупо-Мотинг, Лаимер, Кратциг и Матис Тел. Навивачите на Баварците протестирале против одлуката на Германската фудбалска федерација да го помести мечот од Купот за цел месец, односно решението Суперкупот да се игра на ден кога требало да се игра Куп.
Навивачите фрлиле 185 тениски топчиња на терен, а Германската фудбалска федерација ги казнила со по 350 евра од топче или вкупно 65.000 евра парична казна.