Пантерски рефлекс на голманот на Арсенал во дербито

Во големото дерби на северен Лондон, Арсенал и Тотенхем пред повеќе од 60.000 гледачи одиграа 2-2. „Топџиите“ два пати поведуваа, но гостите брзо одговараа. Два гола за Тотенхем даде Кореецот Сон кој сега има вкупно 5 гола на ова големо градско дерби и ги надмина Анри, Пирес и Хари Кејн. Одлично бранеше и голманот Давид Раја кој го седна репрезентативецот Ремздејл на клупа.

Првиот голман Ремјздејл кој веќе неколку натпревари останува на клупа за резерви, со аплауз ја испрати интеревенцијата на Раја:

@elevenportugal Ramsdale é fã de Raya 👏 #PremierELEVEN ♬ original sound - ELEVEN Portugal

Оваа реакција предизвика и коментари, затоа што Џејми Карагер во студио после мечот рекол дека аплаузот на Ремздејл бил ироничен, па се вмеша и таткото на голманот кој на Твитер му порача на Карагер да не зборува глупости и да се однесува како што се однесува син му.

Атрактивна пас игра на Тотенхем под притисок

25 септември 2023 - 10:41