Челси бира гол на месецот - ама од тренинг

По протерувањето на Роман Абрамович, Челси веќе не личи на клуб. Сините од Лондон потрошија буквално 1 милијарда за нови засилувања во изминатите година ипол, доведоа преплатени ѕвезди но цел месец сега немаат дадено гол. Еден гол.

Кулминација на очајниот Челси се случи во неделата кога изгубија дома од Астон Вила 0-1 и сега се 14-ти на табела со 1 победа, 2 нерешени и 3 порази и гол разлика 5:6.

Челси во септември изгуби од Нотингем Форест (0:1), играше нерешено со Борнмут (0:0) и изгуби од Астон Вила (0:1).

Тимот од Лондон во месец септември не дал ни еден гол ниту на домашен ниту на гостински терен, а допрва ги чекаат: Арсенал (21 октомври), Тотенхем (4 ноември), Манчестер Сити (11 ноември), Њукасл (25 ноември), Брајтон (2 декември) и Манчестер Јунајтед (6 декември).

Затоа им остана да бираат гол на месецот - ама на тренинг:

******************************************

А слушнавте ли за рекордот на Њукасл во Премиер?

Атрактивна пас игра на Тотенхем под притисок

Пантерски рефлекс на голманот на Арсенал во дербито

25 септември 2023 - 11:35