Offside

Ал Аин од Обединети Арапски Емирати налета на незгодна италијанска мина во првото коло од Б група на Светското клупско првенство. Во Вашингот пукна петарда зад која стојат Коло Муани и Консеисао како двојни стрелци и еднаш Јилдиз.

Чудно однесување на кошаркар од Порторико сред давање изјава

Бурса ја совлада Цедевита во четвртфиналето од Еврокупот, а кога на полувреме водеше со 14 поени разлика, пред камера застана Џон Холанд кој почна да `ржи. „Ние не сме обични кучиња, туку питбулови“, рече Порториканецот.

Умре Мино Рајола

Најмоќниот менаџер на денешницата, Мино Рајола, почина денес на 54 години. Италијанскиот агент кој стоеше зад најголемите светски фудбалски имиња, последниве неколку недели бил на интензивна нега.

Под голманска лудост број 1 се мисли на оваа

Велат дека ќе почне да го боли кога ќе се отрезни.

Како две неверојатни голмански грешки го решаваат скудетото

По којзнае кој пат низ годиниве, Наполи ентузијастички сонува прва титула од далечната 1990-та. Играат Наполитанците одлично скоро цела сезона и во последните неколку кола сами, на сопствени грешки губат веќе запишани бодови и остануваат со празни раце. Голмански киксови може скапо да ги чинат и Наполи и Интер.

Пеколните 22 дена за Интер и Милан

Не се сеќаваме последен пат кога сме го гледале миланското дерби во трка за Скудетото. Трка под притисок, стрес и голема неизвесност која може да ја гледаме до последно коло. Сега Милан е тој што зависи самиот од себе. Ако не киксне ни еднаш, ќе ја врати радоста кај навивачите по пауза од 11 години.

Зошто Виљареал го викаат „Жолта подморница“?

Шпанските фудбалски клубови обично имаат прекари врз логична основа, но Виљареал има посложен прекар за кој не е нималку лесно да се погоди од каде доаѓа: „Жолта подморница“.

Навивачите на Ливорно со знамиња за поддршка на Русија

Како ретко кои во Европа, тифозите на легендарниот италијански клуб Ливорно, познати радикални левичари, во неделата на стадионот „Армандо Пики“ на мечот против Фиглине во Серија Д со десетина знамиња од тн. Народна република Донбас и Народна република Луганск изразија поддршка до руската армија.

Шпицот на Болоња кој го приближи Милан до скудето со интересна порака до Малдини

Во заостанатиот натпревар од Серија А, Интер рано поведе на гости кај Болоња и за очекување беше нераѕурите да ја превземат лидерската позиција. Но така не мислеа домаќините кои направија пресврт и победија 2-1. Стрелецот на победничкиот гол Никола Сансоне испрати порака до Милан.

Како реагираше Агуеро на головите на Бензема во друштво на Балотели

10-те години за Серхио Агуеро во Манчестер Сити ќе останат незаборавни и за него и за секој навивач. Освои 5 титули, го постигна голот во судиско за првата која ја освоија по пауза од 44 години, стана најдобар стрелец во историјата на Сити со 260 гола. Штета за проблемите со срцето кои го примораа да ја прекине кариерата на 33 години.

Кан и Буфон заедно не го бранат автоголов на Аталанта

Три сезони по ред играат во ЛШ од кои во првата стигнаа до историско четвртфинале. Но оваа сезона не се тоа што беа и се борат грчевито за ЛЕ. Синоќа се спасуваа дома од пораз против Торино и на крај стасаа до 4:4. Швајцарецот Ремо Фројлер душмански си ја заби во гол. Аталанта на четири кола до крај е осма на табела.

Атрактивна асистенција на Нено во стилот на Јокиќ

Кошаркарите на Валенсија го совладаа фрацускиот прволигаш Метрополитан со 98:85 и со тоа обезбедија пласман во полуфиналето од Еврокупот. Нашиот Димитријевиќ одигра 14 минути и оствари учинок од 4 поени, 1 скок и 3 асистенции. Една од нив беше во центарот на вниманието.

Аматерска грешка на голманот на Интер која може да биде клучна за Скудетото

На еден од трите заостанати натпревари од Серија А, Интер вечерва киксираше на гости против Болоња и загуби со 2:1. Остануваат уште четири кола до крај во кои Милан влегува со предност од 2 бода и ако ги добие станува шампион. Иван Перишиќ е пишман што се реши при изведувањето на аутот да му ја подаде на вториот голман Раду кој тешко се избламира.

Ливерпул за две минути два пати го разби бункерот на Виљареал

По лудата полуфинална пресметка на Етихад која заврши со 7 гола, Ливерпул и Виљареал не успеаа да го повторат мечот на сезоната во ЛШ. Момците на Клоп обезбедија солиден резултат против изненадувањето на сезоната, кој ветува пласман во финале.

Како Лука Модриќ беше изгласан за најлош трансфер во Ла Лига?

Насловот нема врска со некаква заебанција, туку е апсурд од гигантски размери со избрзана и непотребна анкета. Пазете, се однесува на човекот кој потоа во иста година ги освои Златната топка и наградата за најдобар играч во светот според ФИФА, со што ја прекина низата на Роналдо и Меси.

Мбапе добил 10 гласа на изборите за претседател на Франција

После претседателските избори во Франција, тамошниот печат пишува за интересни анегдоти од гласањето. Најдобриот француски фудбалер во моментов, ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе во вториот круг добил 10 гласа.

Рамстор со голман играч до сигурна победа над Спорт Лајф

Во последниот натпревар од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија, Рамстор убедливо славеше над Спорт Лајф.

Махер на колото кој погоди 7+ и кец у два

Го фаќа полуфиналето од ЛШ дека ќе паднат минимум 7 гола и дека Милан ќе го тепа Лацио со пресврт, резултат кој му го дава во 92-ра минута. Како бе ги намириса жити се?

Ким од Јужна Кореја кој не пропушта натпревар на Македонија

Махер на пролетта меѓу македонските корисници на Твитер е извесен 16-годишен Кореец Сео-Цин Ким кој редовно ја следи нашата фудбалска репрезентација.

Како Дончиќ ги следеше истовремено кошаркарите и фудбалерите на Реал?

Лука Дончиќ синоќа беше, односно не беше на мака, бидејќи има направено едноставна стратегија како да гледа два натпревари кои се играат во исто време, а тој не сака да ги пропушти.

Кои се најмалите градови кои имале полуфиналист во Лига на шампиони?

Во ера на модерен фудбал полеан со милијарди од шеици, нафтни магнати и олигарси, речиси и да подзаборавивме на некои убави романтични фудбалски приказни од минатото. Кој денес би се сетил дека малите Ла Коруња, ПСВ Ајндховен, Леверкузен, Нант и Шалке играле во сама завршница на Лига на шампиони?

Забивање на сезоната во НБА

Во петтиот меч од плејоф серијата меѓу Мемфис и Минесота, Џа Морант ги водеше Гризлис до триумф 111:109. Најатрактивниот кошаркар сезонава во НБА синоќа постигна 30 поени со 13 скока и 9 асистенции. На крајот од третиот периот Морант тргна во продор а на патот му се најде Малик Бизли кого го залепи на постер.

Фотографија која покажува што тип навивачи има Манчестер Сити

Клубот вложува милијарди, носи врвни тренери, врвни играчи, прави врвна инфраструктура и веќе неколку години се поти да стигне во врвот во ЛШ. Потоа стига до полуфинале, каде Бензема им дава два гола и им се заканува со елиминација, а ти го сликаш како се радува на гол против твојот тим? Не знам, чудно малце. Еве кажете вие што мислите?

Модриќ не старее

Има 36 години, 10 години е во Реал, сè освои, вкупно 17 трофеи од кои 4 во ЛШ и абер нема да падне во формата. Каква играчина излезе овој човек. Дефинитивно со Бензема се главни играчи на Бернабеу. Погледне го каков владетел е со топка.

А видовте ли што му направи Валверде на Зинченко?

Ако го гледавме полуфиналето синоќа, знаете за што ви зборуваме. Потегот беше нотиран и од коментаторот и ова е еден од оние дриблинзи кој не знаеш дека постојат, а не па да го предвидиш.