Offside

Играчки портрет на големата легенда на Милан и италијанскиот и светски фудбал.

Како порано изгледала тепачка на фудбал?

Многу помашки и поконкретно, нема тука глумење и пренамагање. Да се знае како оди тоа. Па уште и си подадоа рака на крај, ко ништо да не било.

Да не ја грешат нешто колегите на Бензема и Канте на тренинг?

Снимката е од тренинг на Ал Итихад, клубот каде Бензема и Канте отидоа за брдо пари, а официјално им се придружува и Фабињо од Ливерпул. Нешто не се сите усогласени.

Алегри го учи Влаховиќ како се шутира бос од корнер во гол

Алегри и Гати против Влаховиќ и Костиќ. Без старца нема ударца. И тоа не од мртов агол, туку уште поназад.

Бугарска компанија се понудила да го купи Вардар, Комити одбија

Понудата им стигнала во сандаче од извесен Виктор Стојанов кој им ја напишал точната сума на пари за 51% од акциите на клубот. Комити одговараат дека не постои простор за дискусија со луѓе што не го признаваат македонскиот идентитет.

Роналдо е во одбрано друштво на мајстори

Еден од нив е Луис Фиго од Али Експрес, кој упати удар кој не се фаќа. Како и да се намести голманот.

Онана му се сипа на Мегваер поради кикс во одбрана

Манчестер Јунајтед загуби 3:2 од Борусија Дортмунд во САД. Довчерашниот голман на Интер уште недојден, одма увиде со кого ќе треба да соработува во одбрана.

Скопјани кои навивате пасивно за Вардар погледнете како се сака Хајдук

Не треба во никој случај да влегуваме во непотребни компарации со клубови од Премиер или Бундеслига. Доволно е само да се фрли око во регионот за да сфатиме до кај сме ние и колку сме назад.

Страшна ракета на Ракитиќ и опасен слалом на Езе

Гледаме ревија на прекрасни мајстории за време на летните подготвителни натпревари. Последните два се случија на мечот Севиља - Кристал Палас кој заврши 1:1. Иван Ракитиќ па Езе. Од убав поубав.

Шаќири, немаш муда да шутираш

Двократниот европски првак Џердан Шаќири која има богата колекција од 18 клупски трофеи во кариерата, како член на Чикаго застана да му шутира пенал на голманот на Минесота. Се мести да му ја искине мрежата, а овој се обидува да го спречи со евтина маалска провокација „You have no balls”.

Нов меч, нова мајсторија на Бензема

Со оваа форма која ја држи и на 35 години, привилегија е да се има играч во тим како Карим Бензема. Погледне ја оваа снаодливост во шеснаесетник и чувство за гол, вреден победа за Ал Итихад против Сфаксиен од Тунис во арапскиот Куп.

Непотребно селфи видео со Гигс

Следен пат пробај го истово со Ибра, Гатузо или Величе.

Депај и Караско ги решија европските прваци со убави голови

Атлетико Мадрид и Манчестер Сити се сретнаа на пријателски дуел во Сеул како дел од азиската турнеја. Тимот на Симеоне славеше 2:1. Мемфис Депај и Јаник Фереира Караско го разубавија мечот со погодоци од индентична позиција.

Деби на Муслиу за заборав, траеше само 8 минути

Стартуваше второлигашкиот фудбал во Германија, додека прволигашкиот почнува на 18 август. Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу го одигра првиот меч за Падерборн, кој воопшто не му се посреќи. Загубија 5:0 од Гројтер Фурт, а тој доби црвен по само 8 минути игра. Грубиот старт судијата го прегледа на ВАР снимка.

Нова бламажа на Роналдо после фруструција за поништен гол

Со ваков однос и толеранција, човеков едноставно само се брука што уште игра фудбал. Се нервира што не може да даде гол на пријателска против Ал Шабаб, мислиш игра финале на Светско против Аргентина. Прво му го поништија, после излезе нервозен каков што е често во Саудиска Арабија со 200 милиони годишно и на крај го испрска камерманот со вода и го набрка со прстот. Има ли повеќе Кристијано Роналдо некакво ниво?

Судирот од близу на навивачите на Левски со македонската полиција

Не бил баш наивен амбиентот пред еден од влезовите на Градски пред дуелот меѓу Шкупи и Левски Софија. Нема видео како почнало и како дошоло до овој хаос, а од она што може да се види е дека Бугарите воопшто не биле нежни кон полицајците. Ги гаѓаат со што ќе стигнат. Од шипки до шишиња со кока кола.

Фото на денот

Едуард Менди (Сенегал), Риад Будебуз (Алжир), Џани Алиоски (Македонија), Роберто Фирмино (Бразил) и Ријад Марез (Алжир). Вака некако од сега ќе изгледаат тренинзите на Ал Ахли, респектабилен тим во кој нашиот репрезентативец е во убаво друштво.

Навивачкиот бес кога ќе изгубат твоите од некој од Андора

Позната ни е оваа Андора нас, ама ај да не се враќаме. Хиберниан овој пат го изеде срамот во Конференциска лига. Загуби 2:1 на гости од Интер Клуб д'Ескалдес. Реакцијата на шкотските навивачи ќе ви покаже какво е чувството да загубиш од аматери на меѓународен меч. Една од трибините што се гледа во кадар им е брдо.

Бугарските навивачи собираа пари за притворените

Откако навивачите на Левски одбиле да го напуштат стадионот додека полицијата не ги ослободи нивните приведени другари, почнале да собираат пари со цел да им ги платат казните со надеж дека ќе бидат ослободени.

Најглупиот фаул што ќе го видите во фудбалот

Играат Ал Сад од Катар и Видад Казабланка од Мароко. Не ни е јасна намерава на ликов. Прво го држеше за врат како на некоја боречка вештина, а со другата рака му брцаше со прстот во око или така нешто.

Казахстански волеј на неделата

Базел како фаворит се соочи со големо изненадување во Конференциска лига против Тобол од Казахстан. На полувреме водеа 1:0, а во второ им се случи крах. Добија два црвени картони и примија три гола. Двајца гостински играчи во иста акција запнаа да постигнат еврогол. На првиот не му успеа. На најавни шпици ќе заврши Рамазон Оразов.

Како навивачите на Левски скандираа на Градски?

Многу тензија донесе квалификацискиот меч во Конференциската лига меѓу Шкупи и Левски Софија. Од навивачски судир во Чаир, бодење со нож, пресметка со полицијата па сè до провокации на трибините.

Големиот кикс на голманот на Левски и срамното промашување на Бразилецот Дуду

Да видиме и некоја фудбалска содржина од мечот Шкупи - Левски кој мина во знакот на навивачите и нивните насилни нагони. Македонскиот претставник во Конференциската лига загуби 0:2, а при нерешен резултат испушти чиста 100% шанса за гол.

Комити се пофалија со навивачки плен од Бугарите

Навивачите на Шкупи и Левски синоќа имаа бурна ноќ со инциденти во Чаир и на стадион и биланс од 21 уапсен и еден прободен. Некаде, некако во близина биле и навивачите на Вардар кои скришно им дрпнале навивачки реквизити на гостинските навивачи.