
Пред мечот со Наполи во вторникот вечер, навивачите на Унион Берлин прво повторно протестирале што играат на „Олимпискиот стадион“ на Херта а не на својот каде УЕФА не им дозволува поради неисполнети критериуми.
Во знак на протест не закачиле знамиња туку неколку пароли од кои барале од сите присутни да „бидат силни“, „да ги паметат своите коени“, „да не ја свират екипата“, „да бидат заедно кога е тешко“, „да ги остават телефоните во своите џебови“, „да не го напуштаат стадионот до судиската свирка“.
После уште еден пораз, од Наполи, рекорден 9-ти пораз по ред (немаат победа уште од август), навивачите им се обратиле на играчите:
„Вие треба да сте горди на себе! Само горди и ништо друго. Да, изгубивте од Наполи, но они имаа само еден шут кон нашиот гол! Тука и сега ви благодариме што го живееме сонот и играме Лига на шампиони!“