Два нови прекрасни гола на Роналдо и асистенција со пета

Ал Наср го задржа максималниот учинок во азиската Лига на шампиони, откако синоќа во 3. коло го совлада Ал Дуаил со 4-3. Кристијано Роналдо постигна два гола а имаше и една прекрасна асистенција. Другите два погодоци беа дело на Талиска и Садио Мане.

Кристијано Роналдо има 14 гола и 7 асистенции на 13 меча досега во сите натпреварувања а во азиската ЛШ има 3 погодоци.

Во 2023-та Роналдо на 45 натпревари има 43 погодоци и 11 асистенции и е најдобар стрелец на светот во календарскава година.

25 октомври 2023 - 10:37