Offside

Сезоната 2026/2027 ќе брои пет шпански претставници во Лига на шампиони. Работата ја заврши Рајо Ваљекано, а најмногу се радува Бетис.

Да видиш ти кога ќерка навива за Чикаго Булс, тимот на тато

На меч од НБА плеј-ин, Чикаго Булс направи огромен пресврт против Торонто Репторс и славеше 109-105. На овој начин Булси ја поминаа првата рунда. Интересно главен лик на средбата беше Дајар Дерозен, 9-годишна ќерка на ѕвездата на Чикаго Булс Демар Дерозен.

Махер на малерите кој ќора утакмица не погодил

Пишал три фикса и бркал услов 3 од 10. Сите 13 ги промашил. Да му ги вратите парите или да му дадете телевизор во боја.

Двојното лице на Интер кој игра подобро во ЛШ од Серија А

Петти се во лига, моментално надвор од пласман во наредната сезона во ЛШ, а истовремено со една нога се во полуфиналето на актуелната сезона во ЛШ. Како е можно еден ист тим да постигнува толку различни, речиси спротивни резултати?

Едно време го исфрлаа пијан од диско, сега е најдобар шпиц на свет

Навивачите на Манчестер Сити ги уживаат најдобрите години во својата клупска историја. Доволна причина да тераат мајтап со едно видео старо две години на кое Ерлинг Халанд, тогаш ѕвезда на Борусија Дортмунд го исфрлаат од диско во Норвешка зошто правел заврзлами под гас.

Спалети: Елмас истрча многу и вршеше константен и избалансиран притисок во напад

Лучано Спалети му даде голема доверба на Елмас во четвртфиналето од ЛШ, го остави во игра до крај и го испофали за настапот.

Леао го искрши корнер знаменцето и не доби жолт

Елиф Елмас и Лучано Спалети после поразот на Наполи 1-0 од Милан на „Сан Сиро“ во првиот 1/4-финален меч од ЛШ упатија остри и отворени критики до романскиот судија Иштван Ковач за тоа што на нив им поделил еден куп жолти картони и еден црвен а немал ист критериум за Милан.

Фантастична кореографија на навивачите на Милан

Сан Сиро после долги години одново има шмек како на времето кога црвено-црниот дрес на овој стадион го носеа ѕвезди како Савичевиќ, Веа, Баџо, Шевченко, Кака, Малдини, Неста, Сидорф... Росонерите го полнат стадионот до последно место а навивачите прават фантастична атмосфера на секој дуел во првенството и во Лига на шампиони.

Феноменалниот перформанс на Мењан против Наполи

Речиси новиот шампион на Италија, имаше потешкотии во напад без Виктор Осимен против актуелниот шампион на Италија. Плус на голот на Милан стоеше Мајк Мењан кој одигра извонредна партија и спаси неколку чисти голови.

Дон Карло на 63 години со кондури игра подобро од Челси

Карло Анчелоти стана рекордер по број на победи во ЛШ со Реал Мадрид. Тоа како тренер. Плус се шири муабет дека газдата на Челси, Тод Боли за него нуди 100 милиони евра и 8 годишен договор, ама да игра.

Пречката на Елмас која ги смрзна навивачите на Милан

Најдобриот македонски фудбалер во моментов играше од старт на мечот Милан - Наполи во големото италијанско дерби од 1/4 финале на Лига на шампиони. Отсутни поради повреда беа првите центарфори Осимен и Џовани Симеоне, па Елмас играше цел натпревар како лажна деветка. Имаше голема шанса за гол.

Спектакли во Лига на шампиони: Милан и Реал Мадрид ги одбранија домашните терени

Фудбалерите на Милан го совладаа Наполи со 1-0 во сеиталијанскиот прв дуел од 1/4 финале на Лига на шампиони. Елиф Елмас го одигра цел меч, играше во шпицот од нападот како најистурен во отсуство на првиот стрелец Виктор Осимен и погоди пречка па за малку не го матираше Мењан.

Костадин Петров: Да не бев ракометар сигурно ќе бев готвач

РК Алкалоид има рубрика насловена како „На 7 метри со…“, во која јавноста може да дознае нешто повеќе за ракометарите. Како на пример како почнале со ракомет, кои им се идоли, како се мотивираат пред натпревар, хоби и сл. Да го чуеме пикерот Костадин Петров од Велес кој има 31 година и игра и за репрезентација.

Убав гол на Мирчевски, со дриблинг ала Меси

Нов, седми сезонски гол за Мартин Мирчевски, сјајниот фудбалер на ТСЦ Бачка Топола, второпласираниот тим во српската Суперлига. Мирчевски одигра одлично во триумфот на неговата екипа од 1-3 над Вождовац на гости. Битолчанецот го постигна последниот гол, во шеста минута од судиско продолжение.

Очајниот настап на Упамекано кој се изгуби на Етихад

Многу светски медиуми пишуваат дека Манчестер Сити синоќа имал играч повеќе на терен, благодарение на Дајот Упамекано. Муабетот ептен држи вода и ќе ви стане уште појасен откако ќе ја погледнете компилацијава со неговите потези во одбрана. Директен виновник е за третиот гол. Ужасен настап за 24 годишниот Французин кој ја доби најслабата оценка.

45 гола досега сезонава - Халанд ги надмина Нистелрој, Роналдо и Салах

Норвешкиот ѕвер игра неверојатна сезона. На 39 меча досега постигна дури 45 гола во сите натпреварувања во кои учествува неговиот Манчестер Сити.

Можел и поинакво видео да објави после поразот од Ѓоковиќ

Анонимниот Русин Иван Гаков, 186-ми на АТП, на мастерсот во Монте Карло загуби 2:0 од Новак Ѓоковиќ. Поразот „го славеше“ како старлета во када.

Две мудри ќелави глави

Пеп Гвардиола пред неколку недели изјави дека Наполи е страшно јак, дека го имаат моментумот и дека се фаворит за освојување Лига шампиони. На тоа тренерот на Наполи Лучано Спалети некако намќоресто му одговори.

Со Занети си нашол да тераш мајтап, мамлаз еден

Ама мора да му се признае на копиљот дека му успеа фората. Му пришол на најголемата жива легенда на Интер Хавиер Занети кој одигра 858 меча за 19 години во црно-синиот дрес и му побарал селфи. Ама во меѓувреме му вика Forza Milan.

Два неверојатни еврогола паднаа на Кипар

Во плејоф на кипарската прва лига, Арис Лимасол на гости со 0-3 ја растури Омонија и се искачи на чело на табелата на неколку кола пред крајот, со бод предност пред АПОЕЛ и пет бода пред АЕК Ларнака на нашиот Тричковски. Лео Бенгстон и Морган Браун дадоа прекрасни евроголови.

Гвардиола: Емотивно сум уништен, ми се скратија 10 години од животот

Иако има 3:0, Пеп воопшто не е комотен и сигурен дека го има полуфиналето в рака. Со тресење на главата објаснува колку е емотивно истрошен и ја доловува тешкотијата за да се добие шесткратниот европски првак од каде дојде во Манчестер Сити.

Ретко некој вака да си поигрува со одбраната на Баерн

Еден од најзаслужните за големата победа на Манчестер Сити над Баерн е дефинитивно Бернардо Силва. Португалецот имаше блескав настап и заслужено беше прогласен за „Man of the match“. Плус постигна гол, направи асистенција и ја понижи цела германска одбрана.

Порака од навивачите на Баерн за газдите на двата клуба од Манчестер

Со исклучок на Ред Бул кој им квари просек и им ја уништува традицијата, кај Германците нема влез на Шеици, Руси, Кинези, Американци и ред друг тајкуни кои купуваат клубови низ Европа за свои лични цели. Навивачите на Баерн уште еднаш ги потсетуваат таквите, на кого всушност му припаѓа фудбалот. На синоќешкото четвртфинале од ЛШ допатуваа спремни со парола упатена до газдите на Сити и Јунајтед.