Изминатиов викенд се одигра дербито Пелистер - Вардар кое Битолчани го добија 29:25 но се испостави дека оваа победа е пирова затоа што Скопјани славеа на првиот меч во Скопје со пет гола разлика па сега се во голема предност околу домашен терен во плејоф разигрување на крајот од сезоната.
Важно е да се напомене дека Вардар дојде во преполовен состав во Битола со оглед на тоа што неколку стандардни првотимци имаа вироза па не можеа да настапат, а Пелистер претходно одби одложување на дербито.
Вардар во самиот финиш на мечот, во последните моменти постигна гол откако Томовски одбрани сјајно па веднаш го проигра Дарко Ѓукиќ кој истрча контра и постигна гол, веројатно вреден предност домашен паркет во плејофот.
Во текот на мечот покрај стандардниот „каталог“ од навреди од трибините (кој и да е домаќин е исто), се појави и една парола за новинарот и коментатор на Македонската радио телевизија, колегата Југослав Костовски.
На оваа навредлива парола реагираа многу страни, во прв ред Здружението на новинари на Република Македонија како и повеќе колеги новинари. Битолчани, пак, го правдаат овој гест со тоа што колегата Костовски наводно во секој пренос на дерби дуелите отворено и гласно навивал за Вардар иако е, велат тие, службено лице кое „платата ја заработува и од даночните обврзници од Битола“, така што не смее да има пристрасен навивачки став.
При еден пренос на мечот РК Бутел - Пелистер минатата сезона, Костовски на полувреме, изговори непријатни зборови на сметка на Битола и Битолчани:
Во меѓувреме навивачите на Пелистер, Чкембари, преку соопштение изразија огромно незадоволство од игрите на тимот кој е најскап во клупската историја а не прикажува задоволителни резултати. Пелистер претрпе 5/5 порази во Лига на шампиони а слабо игра и во домашното првенство.
Навивачите бараат промени веднаш.