На мечот меѓу Хебар Пазарџик и Славија Софија во 14. коло од бугарската прва лига, домаќините при резултат 0:0, во 93-та минута добија пенал.
Во тие моменти во гостинската екипа се случи неочекувана измена. Излезе голманот Николај Крастев, во игра влезе 20 години постариот соиграч од него, Георги Петков кој има 47 години.
И потоа погодете што се случи. Петков го одбрани пеналот и така завршува клипот објавен од Спорт Клуб.
Но тука не е крајот и Петков сепак не успеа да извади бод за Славија Прага. Пеналот бил поновен со ВАР, а потоа Георги Валчев реализирал за победа на Хебар Пазарџик од 1:0.
🔝 Best story of the weekend in Bulgarian football: 47.5-year-old Slavia Sofia goalkeeper Georgi Petkov bettered his own record for oldest player in 🇧🇬 top flight by coming off the bench in injury time vs Hebar. Petkov then…
— Metodi_Shumanov (@shumanskoo) October 23, 2023
🚫 Saved a penalty
🔄 VAR repeated it
🎯 Hebar scored pic.twitter.com/irlwqS9oXK
Како и да е, Петков е неуморен голман кој со секое појавување руши рекорди.
Со 45 години, 8 месеци и 27 дена стана највозразен голман во историјата на бугарската прва лига, рекорд кој од тогаш веќе две години го продлабочува.
Во октомври 2018-та, Петков добил репрезентативен повик и тоа по пауза од 9 години. Бранел за мечот против Кипар во Лига на нации и со 42 години и 248 дена станал најстар голман во репрезентативен фудбал во Европа.
Му го срушил рекордот на Елиша Скот од 1936-та година, кој за Северна Ирска бранел на 42 години и 200 дена.
Инаку Георги Петков ја почнал кариерата во 1996-та, една година после Буфон, во екипата на Славија Софија, каде се врати во 2012-та.
Во 2001-ва потпишал за Левски Софија за 400.000 долари, со што станал најскап бугарски голман, а потоа бранел и на Кипар.
Со Славија има освоено само Куп на Бугарија, а со Левски 11 трофеи, како и пласман во Лига на шампиони.