Дончиќ му одржа час по кошарка на првиот пик Вембенјама

Младата француска ѕвезда Виктор Вембенјама кој беше прв пик на драфтот во НБА, одигра одлична пред-сезона, но официјалните натпревари во најсилната лига се нешто друго. На мечот Далас Маверикс - Сан Антонио Спарс Лука Дончиќ држеше час по кошарка и со 33 поени, 10 скока и 13 асистенции изведе трипл-дабл за МВП.

На стартот на НБА сезоната, во НБА ништо ново. После блескавото издание на МВП-то од минатосезонското финале Никола Јокиќ, синоќа блесна и Лука Дончиќ.

Лидерот на Далас Маверикс во победата на неговиот тим над Сан Антонио Спарс 126:119 стана само трет кошаркар во историјата на НБА лигата кој на отворање на сезона имал трипл-дабл учинок со најмалку 30 постигнати поени.

Покрај Лука тоа го направиле само уште Оскар Робертсон во 1961-ва и 1966-та и Јанис Адетокумбо во 2019-та.

На 26 секунди пред крајот Лука Дончиќ постигна фантастична тројка и ги скрши сите надежи на Спарси дека можат до некаков пресврт:

Покрај Лука Дончиќ, најефикасни кај Далас беа уште и Кајри Ирвинг со 22 поени, по 17 уфрлија Грент Вилијамс и Тим Хардавеј а 16 поени со 10 скока имаше Дерек Лајвли.

Во составот на Сан Антонио Спарс најдобри беа Девин Васел со 23 поени, Келдон Џонсон со 17 поени, 9 скока и 7 асистенции и Тре Џонс со 16 постигнати поени.

*****************************************************

Луда радост на Дарко после првиот триумф во НБА

26 октомври 2023 - 10:52