Холандски Феенорд мора да плати 17.500 евра казна во УЕФА поради тоа што на мечот со шкотски Селтик навивачите држеле зелено знаменце со натпис „Фак Селтик“. Притоа Феенорд мора да плати и 26.000 евра за непроодни скали на трибините и уште 8.000 евра за две запалени бакљи на трибините.
Феенорд на 19-ти септември го победи Селтик со 2:0 а во оваа група во Лига на шампиони се уште и Атлетико Мадрид и Лацио. Вечерва холандскиот тим го пречекува токму римскиот.