Детето што уште од мало знае кој дрес го сака а кој не

Реакцијава на детето ги доловува навивачките песни со стихови „уште од мал учен сум, за него да навивам“ и слични митомании.

Шегата на страна, според анкета на агенцијата Statista, Јувентус и натаму е далеку најпопуларен клуб со најмногу навивачи ширум Италија.

И покрај тоа што го следат пехови и со години не може да ја врати старата слава, за бјанконерите од 2019/2020 па наваму навиваат околу 8,72 милиони Италијанци.

Тоа е двојно повеќе од двата милански клубови. Интер е втор со околу 3,97 милиони навивачи ширум Италија, Милан е трет со 3,86 милиони, Наполи четврт со 2,78 милиони, Рома петта со 1,89 милиони навивачи итн.

25 октомври 2023 - 18:40