Offside

Запознајте го Ву Јизе, новиот светски шампион во снукер, кој ја одбележува златната ера на овој спорт во Кина. Родителите си ги нарече шампиони поради жртвите кои ги направиле за него.

Како ќе биде реновиран новиот Камп Ноу?

Во април годинава управата на Барселона склучила договор вреден 1,45 милијарди евра со цел комплетен ремонт на „Камп Ноу“, целосно нови инфраструктурни објекти и модернизација на околината на стадионската територија. Средствата ги обезбедиле дури дваесет инвеститори.

Нов гол за Барди во Турција

Трабзонспор одигра ефикасен меч на гостувањето против Гиресунспор кој го совлада со 2:4. Енис Барди го постигна погодокот за 0:2 и тоа му е шести сезонава. Инаку на две кола до крај Трабзонспор се шести на табела, без шанси за излез во Европа, а Галатасарај ја осигура титулата број 23.

Интелигенцијата на Бускест во врвна компилација од 1 минута

Чави - Иниеста - Бускетс, легендарно и незаборавно трио на Барса. Бетон во среден ред, топка не им се земаше. Што ги поврзуваше тројцата? Паметот. Во најкуса верзија ќе ви покаже Серхио, а ќе ви каже Пеп.

Навивачкиот крал на сезоната доби портрет од јунаштвото

Познат под прекарот Нолси, овој 50 и кусур годишен навивачки ветеран како кегли удираше десетина пилиштари од АЗ Алкмар кои се дрзнаа да влезат на трибина каде седеле роднини и деца на играчите на Вест Хем. Нолси се затекнал на самиот влез и ги спасил. После ова стана јунак меѓу многу навивачи а неговите „чекани“ му дадоа карта за големото финале на Лига Конференции против Фиорентина, му ветиле сезонска карта за следната сезона и добил портрет.

Сторијата за првиот подвиг на Монт Еверест кој полни 70 години

Вчерашниот 29 мај потсеќа на Бари и пеналот на Панчев, но тој ден е историја и за алпинизмот кој поминал граница која на човекот му изгледала недостапна. Ја испишале двајца херои кои се величат веќе седум децении.

Луди сцени во Италија, газда на клуб влета на терен со инвалидска количка

Имаме ние стотици велелепни епизоди на самоволие, исто и Србите, Бугарите, Романците...ама ваков вид на протест прв пат во живот гледаме.

Ко ќе ви кажат само кај балкански дивјаци го има ова

На големото дерби од шведската лига меѓу Јургорден и АИК Стокхолм, домашните поведоа во 82’ минута преку бекот Маркус Даниелсон. Тоа беше причина на гостинската трибина навивачите да направат голем пожар после што мечот беше прекинат пред време. Шведската влада повикала итна седница на која се разгледувале мерки после големите нереди на 28-ми мај на арената Теле2 во Стокхолм.

Пит Рајли и Ерик Сполстра - маестралните стратези кои со непознати играчи прават чуда

Уште пред седмиот решавачки меч на Мајами со Бостон многумина сметаа дека Селтикс ќе го искористат налетот и моментумот, но прилично анонимните кошаркари на Мајами Хит во кој малку кој веруваше направија голем подвиг. Четири пати го победија составот кој палеше и жареше во текот на цела сезона во НБА.

Пушти ми ја на аут линија да видиш што ќе му направам еден на еден

Ако во последно време не сте виделе што значи мајтапење со топка, го имате клипот на тацна. Марио Хермозо од Атлетико Мадрид едноставно го избезуми својот чувар на дуелот против Реал Сосиедад. Симеоне требаше да снима. Пред очи му се случуваше лудилото од дриблинг.

Нема историски подвиг во НБА - Мајами го реши Бостон и закажа битки со Јокиќ

Мајами Хит ја одбрани долгогодишната децениска традиција во НБА, екипа која повела 3-0 никогаш да не го испушти водството и да дозволи пресврт во серијата. Тие станаа дури 151. пример што го одбраниле водството од 3-0 во плејоф серија и заслужено го совладаа Бостон.

Ѓоковиќ за Јокиќ: Најдобар кошаркар во свет, за мене тој е МВП

Само една недела откако Никола Јокиќ доби прашање за Новак Ѓоковиќ и го опиша со преубави зборови, стигна одговорот од неговиот сонародник на сличен начин.

Моќно видео на Барселона за збогум со Камп Ноу

Го изградија во 1957-ма година и на него испишаа долга и многу богата историја во која дел беа великани како Кројф, Марадона, Роналдо, Ривалдо, Стоичков, Луис Енрике, Гвардиола, Роналд Куман, па се до Меси, Чави, Иниеста и ред други. Ќе му се вратат во 2026-та кога се очекува да заврши реконструкцијата и во новото руво ќе биде модернизиран и проширен со капацитет од 105.000 седишта. Со Мајорка викендов беше последниот меч.

Триесет и осум години од „Хејсел“

На 29-ти мај 1985-та година пред почетокот на големото финале на Куп на европски шампиони меѓу Јувентус и Ливерпул, во Брисел на стадионот „Хејсел“ се случи една од најстрашните трагедии во историјата на фудбалот.

Циркуз во Франција, прволигаш заборави играч на паркинг

Ќе речеш прва лига е и тоа во топ 5 во Европа, ама и таму знае да се случи по некој невообичаен потег кој се граничи со аматеризам. Ајачио загуби од Ленс во претпоследното коло и без да забележи од стадион си заминал некомплетен. Во клупскиот автобус фалел 19 годишниот Бен Хамед Туре. Во француските медиуми кружат две верзии за тоа како се снашол со превоз. Едни пишуваат дека си заминал со навивачите на Ленс, а други дека автобусот се вратил по него. На Твитер велат фоткава е печена за ново меме.

Делиите ја распалија „Маракана“ на прослава на шампионски пехар

Фудбалерите на Црвена звезда ја освоија 34. титула во својата клупска историја, шеста по ред, овојпат на убедлив начин без ниту еден пораз, а притоа стигнаа и до пехарот во Купот на Србија за трета двојна круна по ред. Навивачите направија спектакл.

Шампионското славје на Баерн на Мариенплац

На централниот плоштад во Минхен, во срцето на градот, илјадници навивачи на гигантот Баерн ја прославија шампионската титула, единаесетта по ред, со сигурност најлудо освоена од сите претходни. Со гол во последни секунди. На славјето беа и фудбалерките од женскиот состав кој во неделата ја освоиле титулата шампион.

Винари го запалија Неготино за Вардар

ФК Вардар Неготино, Тетекс и Башкими обезбедија пласман во втората македонска лига. Тиквешијата се гледа дека сака фудбал. Неготинчани направија фешта и со големо славје го одбележаа успехот.

Во Серија А за првпат би можело да има бараж меѓу прволигашки екипи

Ништо чудно на Апенинскиот полустров за првпат да се игра дуел кој би значел опстанок во најдобро друштво.

Фудбалер на Ајакс со еден удар нокаутираше навивач на Твенте

По пауза од 14 години, Ајакс не успеа да се квалификува во ЛШ и заврши трет во Холандија. По поразот од Твенте во последното коло, голем инцидент се случи пред автобусот на гостите. Навивач на Твенте му дофрлил нешто на фудбалерот на Ајакс, Стивен Бергхуис, а овој импулсивно и без пардон му влезе со силен удар. Потоа се покајал за постапката и се извинувал.

Навивачи на Хамбург влетаа на терен и славеа па се шокираа

Ова што му се случува на некогашниот европски шампион е многу болно. Пет години се на праг од враќање во прва Бундеслига, но никако да им тргне од рака. Сега во последното коло на втората лига, Хамбург гостуваше кај Сандхаузен и победи 0:1. Во исто време им одговараше и што Хајденхајм губи на гости 2-1 од испаднатиот Јан Регензбург.

Колдплеј држи концерт во Барселона, публиката скандира за Меси

Како и да ја вртиш, Меси ти е Барселона човек. Откако го постигна историскиот гол за рекордна 11-та титула за ПСЖ и 43-ти трофеј во кариерата, заминал на релаксација во Барселона каде Колдплеј имале концерт. Со тоа ја пропуштил церемонијата во Франција на која им се делат наградите на најдобрите фудбалери на годината.

Како изгледа кога гостите доаѓаат на стадион во Лутон?

Лутон не е баш мало место. Има население од 286.450 жители, се наоѓа на 50-ина километри северно од Лондон. Истоимениот клуб од овој град направи големо чудо и се пласираше во раскошната Премиер лига. И ќе заработат вреќи со пари (околу 170 милиони фунти). Ама „си направија проблем“. Нивното стадионче е за трета, четврта лига, не и за Премиер.

Македонско финале со НБА атракции

Кошаркарите на МЗТ Скопје со 20 поени разлика (84:64) ја стартуваа финалната серија против Пелистер која се игра во три добиени. Походот кон одбраната на титулата, аеродромци ја почнаа убедливо, но и со атракции во режија на Малик Абу, Андреј Маслинко и Кеандре Кук.

Мбапе џентлмен во Стразбур

ПСЖ и официјално ја освои шампионската титула во француска Лига 1 и со 11 пехари сега е најтрофеен клуб во ова првенство. На гости кај Стразбур одиграа 1:1 со нов гол на Меси. Пред мечот, Мбапе на загревање со силен шут погодил некое девојче и и го раскрварил носот. Веднаш се погрижил да добие медицинска нега, а после мечот и подарил дрес и повторно и се извинил.