На Реал му треба пеналџија, сезонава имаат 0/3

Кралскиот клуб на убедлив начин како прв во групата се пласираше во осминафинале на Лига на шампиони. Играат добро „кралевите“ и во домашното првенство каде се втори и се бркаат со сензационалниот лидер Жирона. Во меѓувреме тимот на Анчелоти ќе треба да најде сигурен изведувач на пенали зошто сезонава промашија три пенали од три колку што добија. Промашуваа Модриќ, Хоселу и Родриго. Можеби е време Феде Валверде да го мести фудбалот.

 

14 декември 2023 - 13:30