Грчкиот интернационалец ја одигра партијата на кариерата со неверојатни 64 поени, 14 скока и 4 украдени топки за победа на Милвоки Бакс над Индијана од 140:126.
За него ова е личен рекорд, но и рекорд на Милвоки. Јанис Антетокумпо претходно имаше постигнато 55 поени, а за Бакси најпрецизен беше Мајкл Ред со 57 поени постигнати пред 17 години.
Од игра шутираше 20/28, од линијата за слободни фрлања 24/32, а тројка не погоди ниту една од трите обиди кои ги имаше. Најмногу се распука во второто полувреме во кое постигна 43 поени.
Инаку по крајот на натпреварот се случи инцидент, а причината за тоа е баскетот кој Пејсерси го пибрале за својот играч Оскар Шијабве кој ги постигнал првите поени во НБА.
Кога Јанис дознал дека му дале лажна топка, се стрча во нивната соблекувална за да ја побара оригиналната со која ја одигра партијата на кариерата.
Giannis Antetokounmpo makes history with 64 points. Drops a #Bucks franchise record for points scored in a game. pic.twitter.com/sm1i8s1rbG
— Lily Zhao (@LilySZhao) December 14, 2023
¡Noche LEGENDARIA de GIANNIS ANTETOKOUNMPO! 😤 💎
— NBASpain (@NBAspain) December 14, 2023
💚64 PUNTOS
🌟71.4% TC
🌟14 REBOTES
🌟4 ROBOS
🌟3 ASISTS
¡¡Career-high y récord de la franquicia!! pic.twitter.com/AYi3YgPzLM
The Pacers took the game ball after Giannis' 64-point career-high
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 14, 2023
Giannis attempted to retrieve the ball
(via @ChrisBHaynes)
pic.twitter.com/bFQLGmbuvv https://t.co/4rtkDzcNJD