
Триесет и девет годишниот Кјелини кој се прослави со беспрекорната храброст и пожртвуваност за сите тимови каде играше, стави крај. Со видео објавено на социјалните медиуми, стоперот и бек вели дека „времето поминато во фудбалот му било најубавиот и највозбудлив пат во животот“.
Кјелини со фудбал завршува како играч на Лос Анџелес а последниот меч во играчката кариера го одигра со Колумбус Кру минатата сабота во финалето на Купот на МЛС.
Џорџоне сериозно почнал да игра фудбал во италијанската трета лига за матичниот клуб Ливорно. Неговите соиграчи од тоа време ден-денес го паметат како неустрашлив и храбар фудбалер кој влегува со глава таму каде што некој не би со нога.
Кјелини на почеток играл лев бек а подоцна станува стопер.
Во 2003-та година станува младински европски шампион со репрезентацијата на Италија У-19. Во таа генерација се уште и Џампаоло Пацини и Алберто Аквилани. Кјелини во финалето играл како лево крило а дури имал и асистенција за победничкиот гол.
Во исто време имал успешна сезона со Ливорно со кој се вратил во Серија Б и набрзо добил заслужена понуда од Серија А. Отиде во Фиорентина каде ги докажа своите неоспорни квалитети.
Џорџо во Фиренца играше лев бек стриктно со повремени офанзивни задачи. Во првата сезона дури и дал три гола а Фиорентина со некое чудо тогаш се спасила од испаѓање.
Од Фиренца Кјелини добил повик за Италија. Селекторот Марчело Липи го повикал како дебитант во ноември 2004-та година за мечот против Шкотска а Џорџо влегол од клупата за резерви во вториот дел.
Во летото 2005-та го направи најголемиот потег во кариерата и потпиша со Јувентус кој го плати 4,3 милиони евра. Во првата полусезона Кјелини исто како и во Фиорентина, играше лев бек и тоа во силна конкуренција со Ѕамброта, Балѕарети, Песото и Зебина.
Набрзо го загубил стартното место и подоцна раскажуваше во разни интервјуа дека ако би останал во Фиорентина, би бил сигурен патник на Светското првенство 2006 и ќе станел светски шампион.
Но селекторот Марчело Липи тогаш се одлучи за Фабио Гросо и не погреши. Токму овој лев бек беше најдобар италијански играч на тој Мундијал.
Од друга страна, Кјелини во истата 2006-та го освои своето прво шампионско скудето во кариерата - негова најголема радост во дотогашниот дел од фудбалското портфолио. Но Јувентус набрзо беше испратен во Серија Б поради разни малверзации. Џорџо остана во екипата и беше меѓу најдобрите кај тренерот Дидие Дешам кој прв го стави стопер и му ја најде природната позиција.
Јувентус таа сезона прими 30 гола а Кјелини постигна два гола на мечот против Арецо кога и официјално прославија враќање во елитната Серија А.
Во сезоната 2007/2008 тренер на Јувентус стана Клаудио Раниери кој го потврди местото на Кјелини како столб на одбранта. Таа сезона Џорџоне го доби и првиот и единствен црвен картон во неговата долга и раскошна кариера. Поради жесток фаул над Доменико Морфео од Парма беше исклучен и тоа му остана единствен црвен картон до крајот на кариерата.
Кјелини никогаш не се штедеше себеси. Често беше со крвава глава како во дресот на Италија така и во црно-белиот дрес на Јувентус.
Кјелини прв голем настап имаше на Европско 2008 кога го викнаа наместо повредениот Фабио Канаваро. Од тогаш не излезе од репрезентацијата. Уште на тоа Европско во Австрија и Швајцарија Џорџоне покажа колку добар стопер е. На сите следни турнири после 2008-ма тој беше стартер (пропушти само четири натпревари од кои два поради повреда).
Во 2008-ма година репрезентацијата на Италија прими само еден гол на три меча на Европското но испаднаа од Шпанија на пенали.
Јувентус во 2008/2009 се врати во Серија А. Бјанконерите ја поминаа групата самоуверено со четири меча без примен гол. Џорџо беше прогласен за најдобар дефанзивец во Серија А во 2008, 2009 и 2010.
Во 2010-та од Бари во Јувентус дојде Леонардо Бонучи со кого Кјелини го сочини сјајниот бедем на Јувентус. Двајцата одиграа 344 заеднички натпревари за Италија и 200 заедно во Серија А.
Во првенството со ова дуо во последниот ред, Јувентус на 200 натпревари имали дури 96 без примен гол.
2011-та година беше кога во Торино дојдоа уште и Антонио Конте и Андреа Барѕаљи. Тогаш се сложи сложувалката на шампионскиот Јувентус кој освојуваше скудето за скудето и беше неприкосновен лидер.
Во 2012-та година Кјелини со Италија стигна до големото финале на Европско првенство но таму Шпанците ги декласираа со 4-0. Тоа беше најсилната генерација на Шпанија која само две години претходно стана светски шампион.
После две години, на Мундијалот 2014 во Бразил, Кјелини западна во сивилото на целата репрезентација на Италија која испадна уште во групна фаза. Главна епизода на неговото Светско беше она кога Луис Суарез на очиглед на цела светска јавност го гризна Кјелини за раме.
Кјелини не играше во големото финале на Лига на шампиони 2014 против Барселона поради повреда а Јувентус тогаш загуби од шпанскиот шампион.
Кјелини играше и на Евро 2016 кога им врати на Шпанците за поразот во финалето, го постигна победничкиот погодок за аѕурите кои подоцна во осминафинале изгубија на пенали од Германија. Набрзо ја освои и 5-та шампионска титула со Јувентус.
Дел од сите шампионски победи и прослави беше и неговото семејство, сопругата Каролина Бонистали и ќерката Нина.
Јувентус под водство на командант Кјелини за малку и не освои тројна круна во една сезона кога ја исфрлија Барселона со гол токму на Џорџо и Монако со младиот Мбапе. Во финалето од нив беше подобар Реал Мадрид со убедливи 4-1 иако бјанконерите во еден момент имаа поволен резултат.
Во меѓувреме Јуве го напуштија неговите соиграчи од последниот ред, Бонучи, Барѕаљи и Џиџи Буфон, но тој остана верен.
Најголема радост во кариерата доживеа во 2021-ва година кога во омилениот дрес на Италија стана европски шампион и тоа среде преполн „Вембли“ во Лондон против силната Англија која што ја совладаа со храбра и одлична игра.
Во сезоната 2021/2022 играше малку поради чести повреди кои го оддалечуваа од теренот. На крајот од сезоната чесно објави дека веќе не може да игра на највисоко ниво и најави заминување од клубот, со цел да отстапи место на некој нов млад играч. Цел стадион емотивно го поздрави Кјелини кои со своите ќерки на средина од теренот им заблагодаруваше на навивачите, соиграчите, тренерите и управата.
Замина во САД, потпиша договор со Лос Анџелес и таму набрзо освои шампионска титула иако во последниот меч седеше на клупата за резерви. Во декември 2023-та година Кјелини и Лос Анџелес влегоа во ново, второ финале за титула но изгубија од Колумбус.
Џорџоне после ова реши да ја заврши кариерата и за тоа објави на социјалните мрежи.
561 меч за Јувентус, 9 титули, 5 Купа на Италија, 5 Суперкупа на Италија, 117 натпревари за репрезентација, Европски шампион и многупати разбиена глава.