Јокиќ незаштитен, судиите се изживуваат

Денвер Нагетс го совлада Чикаго Булс 114:106 но овој дуел го одбележа скандалозна одлука на еден од судиите уште во рана фаза од мечот, во втора четвртина без некоја посебна причина го исклучи Никола Јокиќ. Претходно Србинот при еден дуел во игра со Никола Вучевиќ бараше фаул па едниот судија директно го исклучи што е најстрога можна казна.

Ова е второ нејасно исклучување за Никола Јокиќ во краток период откако пред пар недели судија го исклучи поради приговор на мечот со Детроит Пистонс. Дури и коментаторите во НБА тврдат дека престрог е односот на судиите кон него.

„Тоа е што е. Среќен сум што овој меч не го игравме во Србија, ќе беше баш забавно да се види како би завршило ова. Тоа е што е, некои луѓе можат да кажат што и да посакаат а некогаш кога и јас ќе кажам нешто тоа не можа баш да биде техничка, но така е како“, спуштил раменици Јокиќ фрустриран што судиите не судат чисти и очигледни фаули над него па е приморан да се буни.

На прашањето дали претерал во реакцијата тој рекол:

„Не, некогаш преминувам граница, но моите зборови никогаш не преминуваат линија. Тоа е што е. Не би рекол сега нешто па да платам сметка. Не би рекол дека ова е прекршок за исклучување. Разбирам дека ако преминам линија да но моите зборови не преминуваат линија“.

На мечот во Чикаго, за Јокиќ дошла бројна српска дијаспора на трибините да го гледа:

„Ова е град со втора најголема српска популација, Белград е најголем, втората е овде. Можеби дојдоа да ме видат. Да, никогаш не сакате да бидете исклучен но понекогаш и тоа се случува“, вели Јокиќ.

А се огласил и судијата кој на минута пред крајот на првото полувреме го исклучи Јокиќ:

„Да бидам јасен, Јокиќ е исфрлен после една техничка грешка зошто прост јазик беше упатен кон судијата што за наши критериуми е доволно за исфрлање. Исфрлен е после техничка грешка“, рекол арбитарот Марк Линдзи. 

Никола Јокиќ на 24 меча сезонава има 2 исклучувања колку што претходно имаше на дури 288 натпревари од 2019 до 2023-та. 

13 декември 2023 - 10:15