Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Мајсторија на Калум Хадсон Одои на дебито за Нотингем Форест

Нотингем Форест и Барнли го заокружија 5. коло од Премиер лига со 1:1, а потегот на мечот го имаше 22 годишниот Хадсон Одои, кој Нотингем Форест го доведе од Челси. Прекрасно изведено.

Што гол ќе беше ова бе мајсторе?

Запознајте го 27 годишниот Бразилец, Фернандо Медеирос, кој многу е можно да го видите меѓу кандидатите на ФИФА за гол на годината. Игра во Албанија за тимот на Егнатија, а ова ретко видено ремек дело го приреди на гостувањето против Партизани. Неверојатно изведено.

Простачки потег на Нејмар

Го натовија со годишна плата од 100 милиони евра, куќа со 25 спални и уште 300 благодети, за тој ваќа да им враќа, на најможеш сељачки начин. Каков недоквакан и неподнослив лик. Плус на толку ѕвезди, Ал Хилал се посрамоти и резултатски и едвај извади реми дома во Азиската ЛШ, против Навбахор од Узбекистан, со гол во 10-та минута од судиското продолжение.

Четвртолигашки фудбалски проблеми во Куманово

Во сандачето на Офсајд, понеделнички стигна изненадувачки мејл со соопштение од ФК Македонија Агино. Четвртолигаш кој постои 64 години и кој не може да најде заеднички јазик со фудбалските власти во Куманово. Се жалат на опструкции и нетранспарентност, како и за тоа дека избегнуваат состанок со клубовите за заеднички да се договорат за минимум услови што треба да задоволи еден терен.

Пеп Гвардиола за спортистите од поранешна Југославија

Најдобриот фудбалски тренер на денешницата, во пресрет на новата сезона од Лига на шампиони каде со неговиот Манчестер Сити ќе го бранат трофејот освоен во Истанбул, одржал прес-конференција. Во вторник вечер играат против Црвена звезда на „Етихад“.

Мурињо до новинар: Ти се извинувам јавно за глупоста што ја направив

И Жозе знае да се извини кога ќе погреши и тоа со новинар, кон кој призна дека бил непотребно дрзок откако се преслушал. Убав гест.

Сон се сликаше со навивачка, ама не смееше да и го допре Ајфонот

Да, до таму одат спонзорските договори. Ѕвездата на Тотенхем Сон Хјунг Мин летово стана амбасадор на Самсунг и ако тој слика, мора в раце да држи телефон само од корејската компанија. Да го видиме примерот.

Еден куп народ го пречекал Роналдо во Иран

Со почетокот на азиската Лига на шампиони, Ал Наср од Саудиска Арабија во прво коло му гостува на иранскиот клуб Персеполис. Само што слетал Кристијано Роналдо бил пречекан од стотици негови следбеници.

Големо изненадување на тренингот на Милан пред ЛШ

Милан има специјален гостин во пресрет на стартот на сезоната во Лига на шампиони. Им се појави Златан Ибрахимовиќ.

Некои се кладат дека ова е кош на сезоната

Во 1. коло од новата сезона во француската лига, Бурж убедливо со 30 пени разлика го совладал Ле Портел на гости 66-96. Најинтересен момент на мечот е кога гостинскиот кошаркар Аксел Жулиен додека истекува време за напад фрла таква фрљотка што никогаш не би влегла во кош.

Не е нормална интервенцијава на Рамос на дебито за Севиља

Севиља е клуб кој му е во срцето на Серхио Рамос, бидејќи таму се калеше како дете и таму ја почна кариерата. Се врати после 18 години и на првиот меч кој го одигра против Лас Палмас е најзаслужен што победија 1:0. Погледнете го ова чудо од одбрана на свои 37 години. Супермен.

Само Пабло Ласо да не ти згрми на тајм-аут

Педесет и пет годишниот шпански тренер Пабло Ласо долги години беше најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид на кого му донесе 2 евролигашки титули, 6 титули во шпанската АЦБ лига, 6 Купа и 7 Суперкупа. Ласо имаше здравствени проблеми пред пар години па поради паузираше подолго време а Реал Мадрид реши да не му го продолжи договорот. Ласо сега се врати и го презеде Баерн Минхен каде нема да има ѕвезди како во Реал.

Ви текнува ли на Адем Љајиќ?

Има само 31 година а толку долга кариера што некој би помислил дека е генерација со Ибрахимовиќ. Адем Љајиќ, детето од Нови Пазар кое од Партизан се вивна во фудбалски висини, играше за Фиорентина, Рома, Интер, Торино, Бешикташ, сега се врати во својот роден Нови Пазар. Го пречекаа како цар, а им возврати со прекрасен гол на дебито.

Хитот „Sará perche ti amo“, во изведба на навивачите на Милан

На Милан не му оди годинава во градското дерби и го губи по петти пат по ред. Ама затоа на навивачите им оди многу добро песната.

Детска работа

Видеото е од некаде во Турција, натпревар од јуниорска лига.

Ватерполо на корејски начин

На дуелот меѓу Чонбук и Гангвон во корејската К-лига, гостите подобро се снашле на поплавениот терен и славеле 1-3. Не ја прекинал судијата ни кога не можело да се подаде топка.

Сите зборуваат за шутот на новиот напаѓач на Челси

Челси има мизерен старт со само една победа по првите 5 кола во кои постигна 5 гола. Во напад го купија 22 годишниот Николас Џексон од Виљареал, роден во Гамбија, кој игра за Сенегал. Да го погледнеме.

Судијата му ја подаде топката на Кепа и го насмеа Крос

Несекојдневна сцена на мечот Реал Мадрид - Реал Сосиедад кој заврши 2:1 за кралевите. Линискиот судија влезе на терен да му ја даде топката на голманот, кој веројатно уште ќе се влечкаше за да задржува време.

Како Брајтон со 33 додавања го шашардиса Ман. Јунајтед

Тимот предводен од сјајниот италијански тренер младиот Роберто Де Ѕерби, составен од играчи кои се дојдени без обештетување, како слободни агенти, со 1-3 го разби Манчестер Јунајтед среде „Олд Трафорд“. Права лекција од фудбал им одржа Брајтон на момците на Тен Хаг.

Најстрашниот фаул на сезоната доаѓа од Хондурас

На дуел од 8. коло во фудбалската лига на Хондурас меѓу Маратон и Олимпија гостите победиле 0-1 и останале први на табела со 5 победи и 2 нерешени. А тоа што го направил домашниот фудбалер Андре Орељана во 87' минута од мечот било не за црвен картон туку за в затвор.

Скок за историја на неверојатниот Дуплантис кој постави нов светски рекорд

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис не е од оваа планета. Во дисциплината скок со стап скокна 6,23. Седми пат го соборува сопствениот рекорд.

Вардар 1961 по втор пат го разби шампионот Еурофарм Пелистер

Двократниот европски првак ја загуби титулата во домашното првенство минатата сезона, Пелистерци станаа шампиони и за првпат после цели 18 години заиграа во Лига на шампиони, но црвено-црните уште на стартот на новата сезона имаат 2-0 против Битолчани.

Татко му на Ѓоковиќ раскажува кога морал пред турнир да земе 5.000 евра од лихвар

Срѓан Ѓоковиќ бил на тешки маки на ден пред првото патување на Новак во САД на јуниорски Гренд слем. Човекот кој му позајмил пари се изживувал со него и покрај тоа што се работело за најдобриот тенисер во Европа за играчи до 16 години. Збеснал и кршел кога се вратил дома.