Лига Европа: Рома пак против стар познаник, Милан оди во Франција

Во европската куќа на фудбалот (УЕФА) во Нион попладнево после жрепка за елитната Лига на шампиони, се влечеше и жрепка за второто по ранг натпреварување - Лига Европа. Се извлекоа парови за бараж/плејоф и победниците ќе играат против тимови кои веќе се во осминафинале поради подобар пласман во групната фаза.

Сезонава Лига Европа го игра своето 53-то издание ако се сметаат и натпреварите под името Куп на УЕФА во минатото или 15-то издание откако УЕФА реши да го ребрендира овој турнир а трета сезона под новиот формат.

Првите натпревари од Лига Европа ќе се играат на 15-ти февруари а реваншите на 22 февруари

Лига Европа, плејоф двојки:

ФЕЕНОРД - РОМА
МИЛАН - РЕН

ЛЕНС - ФРАЈБУРГ
ЈАНГ БОЈС - СПОРТИНГ ЛИСАБОН
БЕНФИКА - ТУЛУЗ
БРАГА - КАРАБАГ
ГАЛАТАСАРАЈ - СПАРТА ПРАГА
ШАХТЈОР ДОЊЕЦК - ОЛИМПИК МАРСЕЈ

После овие натпревари повторно ќе се влече жрепка и тоа на 23 февруари 2024-та, а осминафиналните дуели се на 7-ми и 14-ти март.

18 декември 2023 - 12:26