ФИФА направи кармакаша од Светското клупско првенство

ФИФА продолжува да прави циркус од светскиот фудбал па така сега „го модернизираше“ Светското клупско првенство на кое од 2025-та ќе играат 32 екипи, ќе се игра во САД од 15-ти јуни до 13-ти јули, период обично предвиден за одмор на фудбалерите од напорната сезона.

ФИФА ги утврди квотите во февруари годинава: 12 екипи на Светско клупско првенство ќе бидат од Европа, шест од Јужна Америка, по четири од Азија, Африка и Северна Америка, еден од Океанија и еден од земјата-организатор.

Така турнирот ќе се игра во САД, така што Северна Америка ќе има пет клуба а не четири. 19 од 32 клубови учесници веќе се потврдени: 

Од Европа: Челси, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Интер, Бенфика, Порто.

Од Јужна Америка: Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе.

Од Африка: Ал-Ахли и Видад

Од Северна Америка: Монтереј, Сиетл, Леон.

Од Океанија: Окленд Сити

Од организаторот: 1 клуб

ПРИНЦИПИ НА ИЗБОР НА КЛУБОВИТЕ:

Од Европа доаѓаат победници од последните четири сезони во Лига на шампиони па така ќе играат Челси (шампион во ЛШ 2020/2021), Реал (2021/2022), Манчестер Сити (2022/2023) и новиот шампион од 2023/2024.

Уште осум екипи ќе дојдат според рејтингот на УЕФА во последните четири сезони. Дејли Мејл пишува дека ФИФА на Европа и наложува ограничување да нема повеќе од два клуба од една иста земја, така што од Премиер лига не може да бидат ни Ливерпул ни Манчестер Јунајтед во првата сезона, а Арсенал би дошол евентуално ако сезонава освои Лига на шампиони.

Уште три клуба може да дојдат надвор од рејтингот, но само со сензационална титула во Лига на шампиони: Реал Сосиедад, ПСВ Ајндховен и Копенхаген.

Според рејтингот тука се Баерн, ПСЖ, Интер, Порто и Бенфика. На останатите четири слота претендираат Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Лајпциг, Јувентус, Наполи, Лацио и Салцбург.

А ШТО АКО МАН. СИТИ ПАК ЈА ОСВОИ ЛИГА НА ШАМПИОНИ?

Ова прашање уште не е детално разјаснето ниту тоа дали ќе појдат девет екипи со најдобар рејтинг наместо досегашните осум. Се уште нема документ кој би ги разјаснил овие дилеми.

Од Јужна Америка ќе има четири последни освојувачи на Копа Либертадорес: Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе и шампионот од 2024-та. Јужноамериканците ќе имаат уште два слота а тие ќе бидат резервирани за најдобрите клубови според четиригодишен рејтинг на КОНМЕБОЛ (најблизу се Ривер Плејт и Атлетико Минеиро).

Од Азија на Светско клупско првенство: ќе играат трите последни освојувачи на азиската Лига на шампиони: Ал Хилал и јапонската Урава, како и шампионот за сезоната 2023/2024. Уште еден сигурен слот ќе добие најдобрата екипа според рејтингот на Азиската фудбалска конфедерација во последните четири години (ова е и шанса за Ал Наср на Роналдо).

Од Африка: ќе одат победниците на тамошната Лига на шампиони Ал Ахли и Видад, плус шампионот од сезонава 2023/2024. Исто ќе имаат и место за најдобрата екипа според рејтингот во последните четири години во Фудбалската конфедерација Африка (во моментов тоа е Мамелоди Сандаунс).

Од Океанија: сигурен учесник ќе биде Окленд кој ги освои претходните две изданија на тамошната Лига на шампиони.

Форматот на Светското клупско првенство ќе изгледа вака: осум групи со по четири тима. Двата првопласирани ќе одат понатаму во плејоф односно во осминафинале. Исто како и на Светско првенство за репрезентации. Финалистите ќе треба да одиграат седум меча за да стигнат до пехарот што е енормно многу после напорна сезона и сред лето.

ШТО Е СО КАЛЕНДАРОТ?

Меѓународната федерација на асоцијации на професионални фудбалери (FIFPro) и го пренела на ФИФА ставот дека игачите мора да имаат задолжителни најмалку 28 дена одмор во меѓусезоната. А второ, некои фудбалери во сезоната 2024/2025 би можеле да одиграат и повеќе од 80 меча за клуб и репрезентација што е 10% повеќе актуелниот максимум и тоа е ризик по здравјето на фудбалерите.

Од ова произлегува дека фудбалерите три години по ред практично нема да имаат одмор.

18 декември 2023 - 11:15