Нема мега дуели во осминафиналната фаза од ЛШ, по кои обично има требење на екипите кои секогаш целат кон врвот.
Епитетот на најголем дерби дуел може да му го препишеме на мечот Интер - Атлетико Мадрид.
Финалистот од минатата година против тврдиот тим на Симеоне кој два пати успеа да ги однесе во финале.
За Елиф Елмас ждрепката воопшто не е пријатна бидејќи ја добија Барселона, a на бранителот на титулата им падна Копенхаген.
Осминафинални двојки:
Порто - Арсенал
Наполи - Барселона
ПСЖ - Реал Сосиедад
Интер - Атлетико Мадрид
ПСВ - Борусија Дортмунд
Лацио - Баерн Минхен
Копенхаген - Манчестер Сити
Лајпциг - Реал Мадрид
Првите осминафинални дуели се закажани за 13, 14, 20 и 21 февруари, а реваншите на 5, 6, 12 и 13 март.
На 15 март е закажана ждрепката за четвртфиналето.