„Тоа што се случува во Лас Вегас, останува во Лас Вегас. Тоа е мотото на рекламата која го години го промовира градот како туристичка дестинација.
Тоа е градот на гревот, создаден среде пустина од милијардерот Хауард Хјуз. Таму поминале првокласни мафијози, таму се родени Рет Пек, групата формирана од Френк Синатра, Дин Мартин и Семи Дејвис Џуниор, таму се снимени десетици и десетици филмови.
Станува и дом на спортистите, а меѓу многумината кои ќе остават стапала во градот на светлината е и Денис Родман.
За тоа се снима дури и филм насловен како „48 часа во Лас Вегас“, кој ќе го раскаже неверојатното и смело дводневно „релаксирање“ на Родман среде финалната серија меѓу Чикаго и Јута во 1998-ма.
Меѓу продуцентите и е самиот Денис. Постои само еден Денис Родман, вели Нејтан Кахан, директорка на продуцентската куќа Лајонсгејт.
Во 1998-ма немаше никој со кој би било позабавно, но и поопасно за да поминеш една вечер. Неговата неверојатна кариера ќе му даде живот на филм кој е апсолутно смешен и во исто време многу човечен.
Ако мислевте дека знаете нешто за него, треба прво да почекате и да видите. Ќе излезе следната година. Инаку за тие два дена зборува Мајкл Џордан во документарецот на Нетфликс, „The Last Dance“.
„За време на регуларниот дел од сезоната 1998/1999 Пипен побара од Фил Џексон неколку дена одмор. Во негово отсуство, Денис се однесуваше како модел, до тој степен што полудуваше. И поради таа причина и тој побара од тренерот два слободни дена за да оди на одмор“, раскажува Џордан.
Во тоа време Родман беше во врска со актерката Кармен Електра, со која подоцна ќе се ожени, па ќе се разведе. Проблемот беше во тоа што кога истекоа тие 48 часа, од Родман немаше ни трага ни глас.
Така Џордан се качи во авион за да го земе и да го извади Денис за уши од хотелската соба. „Не можам да ви раскажам што сè имаше на тој кревет“, рече Џордан.
ЗАБАВА СО БИЛИ КОРГАН
Еден од ликовите кој бил на забавата е фронтменот на Смешинг Пампкинс, Били Корган. Денис го поканил да се качи во приватниот авион на негов пријател милионер за да помине една ноќ во Вегас. Тоа било луда нок.
„Се коцкавме и бевме мртви пијани. Денис коцките ги триеше од луѓето кои не гледаа за да му носат среќа, а потоа ги фрлаше надвор од масата, бидејќи беше во катастрофална состојба“, рекол музичарот.
И двајцата не отишле да спијат и следното утро се вратиле со авионот во Солт Лејк Сити, на време за прес конференцијата на Булси, односно 10 минути пред да почне.
Корган не можел да стои на нозе, а Денис изгледал како некој што легнал во 8 навечер и испил чај од камилица. Проблемот бил во тоа што на Родман тоа не му било доволно. Побарал реприза од тренерот, ама овој пат не добил дозвола.
„Беше 9 наутро, седам на трибина за време на тренингот, Денис доаѓа до мене и ми вели: Се враќаме вечерва во Вегас? Не ми паѓаше ни на памет, не можев да стојам, а тој беше свеж“, вели Корган.
Така Денис решил сепак да замине од Чикаго и тоа со редовна линија. Замислете ја реакцијата на луѓето кога го гледаат како се качува во авион за време на финалната НБА серија.
Тоа беше неговиот начин на опуштање. Џордан играше голф, Родман одеше во Лас Вегас. Но тогаш помина речиси незабележано до тој степен што ниту НБА, ниту клубот го казни.
СРЕДБАТА СО ФИЛ ЏЕКСОН И РАЗМЕНАТА НА ПОГЛЕДИ НА ТЕРЕНОТ ЗА ГОЛФ
Корган поминал дел од попладнето играјќи голф во Парк Сити, каде што и Чикаго престојувал за време на финалето. За негова несреќа, истото го правел и Фил Џексон, кој штом го видел му дал поглед, сметајќи го за одговорен за бегството на Родман.
„Посакував да му кажам дека јас бев тој што му кажа да не се враќа, но тој не ми рече ништо, па и јас молчев. Фил изгледа како зен тип, но кога ќе го сретнете лично, заплашува многу. Сакав да му кажам дека како голем фан на Чикаго, последното нешто што би направил е да го загрозам успехот на тимот“, вели Корган.
Чикаго ги доби петтиот и шестиот меч, освојувајќи ја петтата НБА титула. Родман си го одработи своето: 7 скока во 22 минути после 48 часа во Вегас и 11 скока во 32 минути во решавачкиот меч.
Неговата статистика не се гледаше преку поени, најмногу шутираше еднаш до два пати на натпревар, туку колку скокови имаше направено. Тоа беше неговиот заштитен знак и беше еден од најдобрите во светот во таа специјалност.
ТРЕНИНГ СО КЛОМПИ И КАПА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА КНИГАТА ОБЛЕЧЕН КАКО НЕВЕСТА
Во САД велат „Можете да го извадите човекот од гетото, но не и гетото од човекот“. Родман отсекогаш бил непредвидлив. Еднаш се појави облечен како невеста за да ја промовира книгата „Bad As I Wanna Be“.
Потоа за да го искористи теренот изграден од Warner Brothers, за да го сними „Space Jam“ тренираше со кломпи и капа.
Тој го повтори бегството за време на финалето, ама не во Вегас, туку во Детроит. Зошто баш Детроит? За да гледа кечери со Хулк Хоган.
ОТИШОЛ ВО ЧИКАГО ДО ВЕЦЕ, А СЛЕДНИОТ ДЕН СЕ ПОЈАВИЛ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА
Корган неодамна раскажа уште една анегдота поврзана со Родман.
„Влегувам во еден ресторан во Чикаго и газдата ми вели дека горе е Денис. Не се имавме видено со години. Се изгушкавме. По 10 минути отиде во веце. Помина долго време и го снема. Следниот ден пуштам тв и го гледам во Северна Кореја заедно со Ким Џонг Ун.
Меѓу многуте негови лудости ја направи и „дипломатската мисија“ во Пјонгјанг кај неговиот пријател диктатор, кој кога студирал во Швајцарија, се заљубил во него кога го гледал на тв.
Да, за малку ќе ја заборавевме љубовната приказна со Мадона или онаа кога рече дека на терен ќе излезе гол. Или кога рече дека сака да го смени името во „Оргазам“.
Неговата втора книга се вика „Веќе требаше да бидам мртов“. Насловот никогаш не бил посоодветен.