Offside

Кога се зборува за тројна круна во Интер која Италијанците ја викаат „триплета“, се мисли на онаа на Мурињо, прва во историјата на клубот. Но, оваа со Киву е поинаква.

Арсенал го седна Челси на место

Арсенал ја забележа највисоката победа во историјата на дуелите со градскиот ривал Челси откако синоќа ги разби со 5:0. Леандро Тросар отвори, а Бен Вајт и Каи Хавертц постигнаа по два гола за петарда на „Емирати“ во Лондон. Арсенал после 34. кола е прв со 77 бода, Ливерпул е втор со меч помалку и 74 бода а Сити е трет со 73 бода и два меча помалку.

Браќата на Јокиќ пак правеле хаос

За време на вториот натпревар од серијата во разигрувањето меѓу Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс, браќата на Никола Јокиќ, Немања и Страхиња влегле во судир со некој присутен а едниот од браќата дури и го удира нападнатиот. Причината не е позната, а веднаш зад нив стои сопругата на Јокиќ, Наталија со нивната ќерка.

Лука Дончиќ го разби ЛА Клиперс и Далас израмни во серијата

Во драматичен меч, кошаркарите на Далас Маверикс со 96:93 го совладаа Лос Анџелес Клиперс во вториот натпревар од серијата и направија таканаречен брејк на гости во Лос Анџелес.

За ваква мајсторија не треба гол технологија, не е ова Ел Класико

Меч од трета српска лига со асистенција ала Иниеста и завршница Златан Ибрахимовиќ, ама на еден поинаков, генијален начин.

Каде е што прави Артуро Видал?

Во големото дерби на чилеанскиот фудбал, Коло Коло на гости го совладал Универзидад Католика со 0-1 и прекинал серија од два порази во лигата. Стрелец: ветеранот Артуро Видал кој на 36 години се врати во својот матичен клуб после долга одисеја по светот. Видал е еден од ретките кои играл и за Баерн Минхен и за Интер и за Барселона и за Јувентус.

Дипломец на годината

Дипломирал паѓање, отсек кладење финска втора и трета лига во живо.

1 минута морници за навивачите на Интер

Со освоени 86 бода на 5 кола до крај и со убедлив и шампионски скор од 27 победи, 5 нерешени и само 1 пораз и гол разлика 79:18, Интер заслужено го слави Скудетото број 20. Нека им е честито.

Големо признание за Бојан Миовски: во тимот на сезоната во Шкотска

Во изборот од фудбалери, оној избор кој се смета за најреален и најголема чест е кога колегите ќе ти признаат дека си бил меѓу најдобрите, Бојан Миовски е во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.

Верен ко пес

Има сè и сешто на трибините во Аргентина, особено кога играат најголемите ривали Ривер - Бока. Така беше и на 1/4 финале од Лига Купот кој се играше во градот Кордоба, далеку од Буенос Аирес.

Најјаките 10 потези на вечерта во НБА

Леброн Џејмс доминира во најатрактивната збирштина на потези од 2. коло во плејофот, ама првата позиција сепак му припаѓа на Мареј.

Тренерот на Лејкерс за Јокиќ

Лос Анџелес Лејкерс постојано како да го има Денвер Нагетс, успева да води во текот на секој нивен меѓусебен дуел кој е резултатски тесен, но на крајот секогаш претрпува пораз. Барем така е на последните 10 меча кои ги доби шампионот Денвер. Така беше и синоќа на вториот меч од серијата во разигрувањето кога Нагетс славеа 101:99 со кош на Мареј во последна секунда.

Чалханоглу во солзи, прва титула му е

По 13 години кариера во Германија и Италија, Хакан Чалханоглу почувствува што значи да се освои шампионска титула. Прво малер во биеше, бидејќи кога играше за Милан, гледаше како на Скудетото се радуваат градските ривали, а следната сезона обратно. Тој во дрес на Интер, а Скудетото кај Милан, па го утепаа од тролање. Овој пат му се поклопија сите коцки, па почна со солзи, а продолжи со лудо славје.

Дали се Лејкерс оштетени на мечот со Денвер?

Еден момент од крајот на третиот период од вториот меч во серијата меѓу Денвер Нагетс и ЛА Лејкерс е спорен, а се бунеа и главните играчи на тимот од Лос Анџелес. На 39,5 секунди до крајот на трета четвртина Мајкл Портер Џуниор го удри по лице ДиАнџело Расел а судиите иако досудија фаул, после видео проверка на барање на Денвер, ја сменија одлуката.

Како Јокиќ го спакува Дејвис еден на еден

Најпрвин на нешто помалку од 4 минути до крај, а потоа уште еднаш, што значи во клучните моменти од големиот пресврт кој успеаа да им го направат после негатива од 20 поени разлика.

Интер со триумф над градскиот ривал го освои скудетото

Интер е шампион на Италија за сезоната 2023/2024 - нераѕурите ја потврдија титулата во дербито против Милан (1:2) и на пет кола пред крајот се нови прваци во Серија А.

Херојски кош на Мареј со звукот на сирената, од -20 им се вратија

Денвер Нагетс ја зголеми предноста против Лејкерски на 2:0 во плејофот и тоа со луд пресврт. Нов трипл дабл на Јокиќ. Со 20 скока го заврши мечот.

Во кои земји има „гол технологија“ и зошто Шпанците не ја користат?

Наједноставната модерна технологија за потврда на гол, која веќе и остаре, се користи на 28 фудбалски натпреварувања во светот или поточно на 112 стадиони. Англичаните и Италијанците во втора лига ја воведа, а Шпанците уште се во лер.

Што сè нашле џандарите пред натпреварот Ривер - Бока?

Ривер и Бока за првпат после 2018-та година играа Суперкласико со присуство на две навивачки групи. Досега тоа беше стрикнто забрането, а во Аргентина општо постои законска забрана за присуство на гостински навивачи. Но натпреварот од 1/4 финале на аргентинскиот Лига Куп се играше во градот Кордоба, на 695 километри од Буенос Аирес. Стотици автобуси, возила, комбиња се слеале по автопатите од Буенос Аирес и од другите градови, па полицијата била на готовс.

Моќниот волеј кој Облак џабе се обиде да го одбрани

Атлетико Мадрид киксираше на гостувањето против Алавес и загуби со 2:0. Погледнете го вториот гол во 92-ра минута, дело на бекот Луис Риоха. Во живот вака му нема легнато топка. Тројца голмани не го бранат ова. Играчи од негова се држеа за глава.

Најатрактивното израмнување на викендот во 96-та минута

И во Франција, исто како во Шпанија, ПСЖ му бега на второпласираниот Монако со 11 бода, што значи уште во Премиер лига не е познат шампионот. Олимпик Марсеј пак се килави на 9-та позиција и извади 2:2 против Тулуз на гости. Стрелец Фарис Мумбања, на спектакуларен начин.

Срамот на Манчестер Јунајтед

Навивачите на еден од најтрофејните светски клубови Манчестер Јунајтед се фрустрирани од коло во коло. Екипата изгледа на распуштена банда која не знае кај тера. Во полуфиналето на англискиот ФА Куп Манчестер Јунајтед за малку ќе доживееше огромен срам, незапаметен во својата клупска историја.

Сите скокаат, тој ладен ко шприцер

Реал Мадрид одново на тешко поднослив начин ја победија Барселона 2-1 со гол во судиско продолжение, во 90+1’ минута. Исто беше и минатиот пат на дербито одиграно на „Камп Ноу“ во првиот дел од сезоната, а ист беше и стрелецот во последните моменти за 1-2. Џуд Белингем. А исто и тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти беше студен како мраз додека сите скокаа и славеа во транс.

Прославата на Џуд Белингем за новиот гол во 90+1 против Барса

Магијата на Џуд Белингем - нов гол против Барселона во судиско продолжение и еуфорична прослава.