Чави во јануари годинава најави дека не може да се справи со притисокот кој го носи клупата на Барселона и дека медиумите се безмилосни. Во април соопшти дека останува, за да 21 ден подоцна добие отказ од управата. Од тогаш го нема во јавноста.
„Добро утро, добро утро. Гледајте... Знам дека не е лесен ден, прво поради посраниот резулат синоќа. Ќе анализираме и ќе видиме што ќе се случува со нас. Се чувствувам лошо што не ви кажав вас било што што кажав на прес-конференцијата после натпреварот. Одлучив одамна. Не е дека сум изгубил глава поради поразот синоќа. Одлучив пред некое време. Мислам дека јас почнувам да бидам проблемот“, рекол Чави.
На прашањето дали некој од екипата има нешто да каже, капитенот во тоа време, Серхи Роберто рекол: „Имаме четири месеци на тебе и на твојот стручен штаб да ви се заблагодариме“.
По краток период по оваа средба во соблекувалната, со големиот притисок и поразите од Реал Мадрид и ПСЖ во Лига на шампиони, па и од Жирона, Чави доби отказ.