Астон Вила и Баерн Минхен се судрија првпат после цели 42 години по големото финале во 1982-ра година кога тимот од Бирмингем победил 1-0 и станал европски шампион.
Синоќа триесет и осум годишниот Мануел Нојер беше највиновен за првиот пораз сезонава на Баерн Минхен. Досега одиграа само реми со Баер Леверкузен 1:1 а на другите пет натпревари забележаа триумф.
Астон Вила го казни стандардното излегување од гол на Мануел Ноер, односно 20-годишниот Колумбиец Џон Дуран кој на крај беше избран за играч на мечот, постигна убав гол за лудо славје на „Вила Парк“.
Лига на шампиони, 2. коло, резултати:
ЖИРОНА - ФЕЈЕНОРД 2:3 (1:2)
ШАХТЈОР ДОЊЕЦК - АТАЛАНТА 0:3 (0:2)
АСТОН ВИЛА - БАЕРН МИНХЕН 1:0 (0:0)
БЕНФИКА - АТЛЕТИКО МАДРИД 4:0 (1:0)
ДИНАМО ЗАГРЕБ - МОНАКО 2:2 (1:0)
ЛИЛ - РЕАЛ МАДРИД 1:0 (1:0)
ЛИВЕРПУЛ - БОЛОЊА 2:0 (1:0)
РЕД БУЛ ЛАЈПЦИГ - ЈУВЕНТУС 2:3 (1:0)
ШТУРГМ ГРАЦ - КЛУБ БРУЖ 0:1 (0:1)