Дарко Чурлинов е јунак, го сруши Копенхаген среде Данска со гол во 98-минута

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов не можеше да посака поубав кам бек на терените. Со гол во последните мигови му донесе 3 бода на актуелниот шампипон на Полска.

Чурлинов скоро еден месец не беше во комбинација за настап поради повреда и кам бекот го круниса на блескав начин.

Со деби гол за Јагелонија вреден победа во Конференциската лига од 1:2 против Копенхаген на гости и тоа во 98-ма минута.

Македонскиот напаѓач влезе како џокер во 55 минута и ги спобудале на крај навивачите, славејќи со нив на ограда.

На Чурлинов дефинитивно му требаше гол за вреќање на самодовербата, што е особено важно пред гостинските натпревари на Македонија против Летонија и Ерменија на 10 и 13 октомври.

Немаше постигнато погодок уште од јануари месец кога беше член на Шалке.

 

Foto: EPA

4 октомври 2024 - 08:14